38,51% ИЗЛЕЗНОСТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО СТРАНСТВО, ВО ЗАТВОРИТЕ 55%

    38,51% ИЗЛЕЗНОСТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО СТРАНСТВО, ВО ЗАТВОРИТЕ 55%Од 3.539 граѓани, кои се пријавиле како болни или немоќни и 12 кои се во куќен притвор, денеска гласале 3.064. - Портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска (Фото: СДК.МК)

    Излезноста на првиот круг од претседателските избори во странство, каде што се гласа ден претходно, изнесува 38,51 отсто, додека во затворите излезноста е 55 отсто, соопштија од Државната изборна комисија. Бројките за излезноста во странство се некомплетни, бидејќи не е завршено гласањето во Северна Америка поради различните временски зони.

    Најголема излезност до 18:30 часот имаше во дипломатско-конзуларните претставништва во Берлин (64,47%), Букурешт (64,29%), Загреб, (61,11%) Сараево (61,70%) и Хаг (60%), додека најмала излезност имаше во Венеција (26,55%), Копенхаген (30,77%) и Абу Даби (30%).

    На 32 гласачки места во конзуларно-дипломатските претставништва на земјава се пријавиле 1.781 гласач.

    Од ДИК кажаа дека во затворите, каде што со право на глас се 1.640 лица, гласањето поминало без проблеми, а излезноста до 18:30 часот изнесува околу 55 отсто.

    Денеска гласаа болни и немоќни лица, како и на оние во куќен притвор. Во своите домови гласачкото право го остваруваат 3.539 граѓани, кои се пријавиле како болни или немоќни и 12 кои се во куќен притвор. Гласале 3.064 болни или немоќни и седум лица во куќен притвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира