На ден пред истекување на рокот за поднесување, 38 барања се пристигнати до Основниот суд Скопје 1 за амнестија од обвинети и осудени за случаите поврзани со организираниот напад во Собранието на 27 април минатата година, велат од судот.
Законот за амнестија беше донесен во Собранието на 18 декември, а на 20 декември беше објавен во Службен весник.
Според законот, амнестијата нема ги опфаќа организаторите, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје, како и службените лица кои ги пречекорите службените овластувања, но секој од обвинетите и осудените за 27 април има право да поднесе барање за амнестија.
Ако Основниот суд Скопје 1 на обвинето или осудено лице кое поднело барање за амнестија му одговори веднаш, тоа значи дека не ги исполнува законските услови, не му е одобрено барањето и се враќа во судскиот процес за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 година. Ако не му одговори веднаш на барателот, тоа значи дека обвинителството за организиран криминал и судот ќе ги разгледуваат доказите, ќе се консултираат и во рок од законските 5 дена ќе донесат одлука, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК од Републичкото обвинителство.
Во главниот судски процес во врска со нападот во Собранието, обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување: Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.
Веќе има пресуди за кривичните дела Насилство и Учество во толпа во врска со 27 април.