Од 2.267 тестови регистрирани се 386 нови случаи на ковид-19 во последните 24 часа, а починаа 6 пациенти, соопшти Министерството за здравство. Најмногу нови болни има во Скопје – 178, па во Струмица 44 и следат: Куманово-18, Дебар-1, Штип-8, Прилеп-20, Тетово-13, Струга-9, Велес-5, Битола-13, Охрид-7, Кавадарци-3, Гостивар-4, Гевгелија-18, Крива Паланка-7, Радовиш-4, Кочани-10, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-7, Валандово-3, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-3, Кичево-4, Неготино-2.
Во болнички услови починати се 6 лица, двајца пациенти од Скопје на 67-годишна возраст, пациентка од Тетово (72), од Битола (44), Струга (62) и Свети Николе (81).
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 49 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, а хоспитализирани се 5 деца и 5 мајки суспектни на вирусот. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 42 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 21, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 212, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти од: Скопје-61, Куманово-23, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-9, Тетово-5, Струга-2, Велес-5, Битола-6, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-15, Крива Паланка-2, Радовиш—2, Кочани-1, Пробиштип-2, Берово-4, Делчево-1, Свети Николе-3, Кичево-5.
Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 20.163, оздравеа 16.009, починаа 781, а активни случаи се 3.373. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 8.088, активни 1432
• Куманово 1.854, активни 162
• Дебар 292, активни 34
• Штип 1.327, активни 92
• Прилеп 773, активни 144
• Тетово 1549, активни 188
• Струга 708, активни 51
• Велес 357, активни 36
• Битола 367, активни 90
• Охрид 454, активни 42
• Кавадарци 263, активни 47
• Гостивар 967, активни 72
• Гевгелија 178, активни 78 (11 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 27 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 394, активни 232
• Крива Паланка 142, активни 45
• Радовиш 122, активни 47
• Крушево 20, активни 1
• Кочани 475, активни 207
• Пробиштип 123, активни 18
• Демир Хисар 62, активни 2
• Македонски Брод 95, активни 2
• Пехчево 46, активни 3
• Берово 139, активни 53
• Валандово 60, активни 45
• Виница 130, активни 40
• Делчево 180, активни 89 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 26, активни 2
• Свети Николе 394, активни 65
• Кичево 347, активни 30
• Ресен 167, активни 8
• Неготино 64, активни 16 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2.267 теста се преку: ИЈЗ-493, ЦЈЗ Скопје-73, Авицена-515, Биотек-277, МАНУ -143, Жан Митрев (Филип Втори)-424, Систина со ПЦР метода -148, лабораторија Лаор –32, Судска медицина-16, ЦЈЗ Битола-89, Инфективна клиника-10, ГАК-16, Синлаб-31, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 203779 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
• Чаир – 73
• Гази Баба – 147
• Аеродром – 257
• Карпош – 242
• Центар – 265
• Кисела Вода – 157
• Ѓорче Петров – 118
• Бутел – 56
• Шуто Оризари – 13
• Студеничани – 2
• Сарај – 16
• Арачиново – 4
• Илинден – 31
• Сопиште – 4
• Чучер Сандево – 2
• Петровец – 9
• Зелениково – 4
• Странец – 10
• Нераспределен-22