393 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, 4 ПОЧИНАТИ

    393 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, 4 ПОЧИНАТИНа Инфективната клиника во Скопје во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 86 пациенти, од кои на кислородна поддршка се 55. (Фото: СДК.МК)

    Во последните 24 часа се регистрирани 393 случаи на ковид-19 од направени 2.464 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Ова е најголема бројка на новозаразени од почетокот на епидемијата, откако вчера беа регистрирани 386 случаи.

    По градови, новите случаи се од Скопје-189, Куманово-14, Дебар-2, Штип-13, Прилеп-19, Тетово-27, Струга-7, Велес-12, Битола-9, Охрид-5, Кавадарци-8, Гостивар-6, Гевгелија-15, Струмица-15, Крива Паланка-4, Радовиш-10, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-3, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-1, Делчево-3, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-6, Ресен-1.

    Изминатите 24 часа се починати четворица пациенти, од Скопје (83г.), Куманово (62г.), Кичево (80г.) и Радовиш (54г.), сите во болнички услови.

    Вкупно дијагностицирани со ковид-19 од почетокот на епидемијата се 20.555, а на починати е 785. Во моментов, бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.671.

    Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 8277, активни 1586
    • Куманово 1868, активни 168
    • Дебар 294, активни 36
    • Штип 1340, активни 101
    • Прилеп 792, активни 155
    • Тетово 1577, активни 213
    • Струга 715, активни 58
    • Велес 369, активни 47
    • Битола 376, активни 97
    • Охрид 459, активни 46
    • Кавадарци 271, активни 55
    • Гостивар 972, активни 69
    • Гевгелија 193, активни 91 (11 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 29 на Богданци и 12 се странски државјани)
    • Струмица 408, активни 245
    • Крива Паланка 146, активни 45
    • Радовиш 132, активни 54
    • Крушево 21, активни 2
    • Кочани 488, активни 220
    • Пробиштип 126, активни 19
    • Демир Хисар 62, активни 2
    • Македонски Брод 97, активни 4
    • Пехчево 48, активни 5
    • Берово 142, активни 51
    • Валандово 61, активни 44
    • Виница 130, активни 40
    • Делчево 183, активни 92 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 27, активни 3
    • Свети Николе 396, активни 65
    • Кичево 353, активни 33
    • Ресен 168, активни 9
    • Неготино 64, активни 16 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 2.464 теста денеска се преку: ИЈЗ-737, ЦЈЗ Скопје-76, Авицена-562, Биотек-244, МАНУ -120, Жан Митрев (Филип Втори)-288, Систина со PCR метода -134, лабораторија Лаор –107, Судска медицина-8, ЦЈЗ Битола-80, Инфективна клиника-6, ГАК-16, Синлаб-86, лаборатории од странство-0.

    На Инфективната клиника во Скопје во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 55 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 родители позитивни на ковид-19, а нема хоспитализирани суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 45 пациенти. На респиратор се 6 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 24, а во болницата во Штип се 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 200, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

    По општини, активни случаи во Скопје денеска:
    • Чаир – 83
    • Гази Баба – 163
    • Аеродром – 282
    • Карпош – 276
    • Центар – 288
    • Кисела Вода – 178
    • Ѓорче Петров – 129
    • Бутел – 62
    • Шуто Оризари – 14
    • Студеничани – 3
    • Сарај – 17
    • Арачиново – 3
    • Илинден – 33
    • Сопиште – 8
    • Чучер Сандево – 4
    • Петровец – 7
    • Зелениково – 4
    • Странец – 14
    • Нераспределен-18

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира