4 ЛИЦА ОД БИТОЛСКО И ЕДНО ПРАВНО ЛИЦЕ ДОБИЈА КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПОРАДИ ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ ПОЖАРИ

    4 ЛИЦА ОД БИТОЛСКО И ЕДНО ПРАВНО ЛИЦЕ ДОБИЈА КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПОРАДИ ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ ПОЖАРИВо 2024 година во Македонија во 126 шумски пожари изгореа над 94.000 хектари, што е речиси колку претходните десет години заедно. (Фото: СДК.МК)

    Четири лица и еден правен субјект од битолско добија кривични пријави за предизвикување пожари во периодот од 15 јуни до 10 септември, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе пет кривични пријави против четири лица и едно правно лице по член 288 од Кривизниот законоик (КЗ).

    Поднесена е кривична пријава против Ѓ. Д. (70) од Битола, заради постоење на основи на сомнение дека тој на 29 јули запалил оган во нива, негова сопственост, во атарот на село Братиндол, битолско, со цел да уништи инсекти. Поради ветрот пожарот се проширил и во соседните ниви, по што бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Битола.
    Поднесена е кривична пријава поради основи на сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“, предвидено и казниво во чл.288 ст.1 од КЗ.

    Поради „предизвикување општа опасност“ поднесени се кривични пријави против Т. И.( 27) од с.Кременица, битолско, против П.Б. (46) од Битола, против Р.Р.(58), со привремен престој во Битола, и против правно лице бидејќи искрење на жиците кои биле паднати од бандера во сопственост на пријавеното правно лице, предизвикан е пожар со кој се зафатени сува трева и дрвја.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира