4 МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЕВАКУИРАНИ ОД СУДАН ВО САУДИСКА АРАБИЈА, СООПШТИ МНР

    4 МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЕВАКУИРАНИ ОД СУДАН ВО САУДИСКА АРАБИЈА, СООПШТИ МНРДосега се евакуирани вкупно 4.879 лица, од кои 139 се Саудијци, а другите се од 96 земји од целиот свет, меѓу кои и од Европа, САД. (Фото: EPA)

    Четворица македонски државјани вчера биле евакуирани од Судан, кој е зафатен со воени судири, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР). Евакуацијата е реализирана со асистенција на Саудиска Арабија.

    Евакуираните граѓани во моментот се наоѓаат во градот Џеда, Саудиска Арабија.

    „Нашата амбасада во Абу Даби е во постојана комуникација со тамошните власти, во насока на нивно враќање во Северна Македонија. До сега се евакуирани вкупно 4.879 лица, од кои 139 се Саудијци, а другите се од 96 земји од целиот свет, меѓу кои и од Европа, САД, а од нашиот регион освен Северна Македонија, се и Грција и БиХ“, вели МНР.

    Оттаму додаваат дека со внимание го следат развојот на состојбите во Судан и се во комуникација со држави кои имаат свои дипломатски конзуларни претставништва во земјата.

    МНР апелира доколку има наши државјани кои се наоѓаат во територијата на Судан да ја контактираат Амбасадата на Северна Македонија во Абу Даби на следниот телефонски број +971 56 441 7532 и е-мејл адреса [email protected] Амбасадата на  Северна Македонија во Каиро на следниот телефонски број +201033615542 и е-мејл адреса [email protected] како и Министерството за надворешни работи на СОС телефонот + 389 75 273 732 и следната емејл адреса [email protected].

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира