4 ПОЧИНАТИ И 78 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 860 ТЕСТОВИ, 40 ОЗДРАВЕА

    4 ПОЧИНАТИ И 78 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 860 ТЕСТОВИ, 40 ОЗДРАВЕАМеѓу починатите е и пациентка од Куманово на 68 години, примена во амбуланта на Инфективна клиника без срцева акција, а по обидот за реанимација констатирана е смрт; - Возило на Брза помош пред Инфективна. (Фото: К. Попов)

    Починати се четири лица во изминатото деноноќие по компликации од коронавирус, а од 860 тестирања, регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

    „Починаа двајца пациенти од Гостивар на 71 и 82 години и 73-годишна пациентка од Тетово. Од нив двајца се починати во, а еден вон болнички услови. Почина и пациентка од Куманово на 68 години, примена во амбуланта на Инфективна клиника без срцева акција, а по обидот за реанимација констатирана е смрт“, велат од Министерството.

    Новите 78 случаи се регистрирани во: Скопје-28, Куманово-5, Дебар-4, Прилеп-8, Тетово-4, Битола-1, Охрид-1, Кавадарци-2, Гостивар-8, Радовиш-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-4, Делчево-3, Кичево-3, Неготино-2.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 74 пациенти. На кислородна поддршка се 39 пациент, нема на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 3 позитивни, три мајка и три деца суспектни на вирусот. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 3 нови, вкупно хоспитализирани се 63 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 39 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 103, позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти од: Скопје-13, Прилеп-1, Велес-2, Гостивар-9, Кочани-2, Македонски Брод-3, Свети Николе-1, Кичево-9.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата има 13.673, оздравеа 10.150, починаа 568, а активни се 2.995.

    Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 5697, активни 876
    • Куманово 1379, активни 340
    • Дебар 241, активни 77
    • Штип 1108, активни 258
    • Прилеп 399, активни 63
    • Тетово 1188, активни 172
    • Струга 545, активни 140
    • Велес 259, активни 33
    • Битола 196, активни 55
    • Охрид 325, активни 59
    • Кавадарци 170, активни 101
    • Гостивар 740, активни 312
    • Гевгелија 42, активни 24 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
    • Струмица 57, активни 22
    • Крива Паланка 37, активни 12
    • Радовиш 40, активни 11
    • Крушево 16, активни 0
    • Кочани 134, активни 30
    • Пробиштип 76, активни 21
    • Демир Хисар 60, активни 27
    • Македонски Брод 69, активни 36
    • Пехчево 10, активни 4
    • Берово 39, активни 30
    • Валандово 7, активни 0
    • Виница 63, активни 41
    • Делчево 34, активни 29 (7 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 16, активни 2
    • Свети Николе 275, активни 65
    • Кичево 263, активни 100
    • Ресен 146, активни 1
    • Неготино 42, активни 14 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 860 теста се преку: ИЈЗ-422, ЦЈЗ Скопје-11, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-182, Систина со ПЦР метода -137, лабораторија Лаор –0 , Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-92, Инфективна клиника-7, ГАК-9, лаборатории од странство-.0 Досега во земјата се направени вкупно 138.325 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
    • Чаир – 114
    • Гази Баба – 109
    • Аеродром – 105
    • Карпош – 93
    • Центар – 85
    • Кисела Вода – 93
    • Ѓорче Петров – 67
    • Бутел – 68
    • Шуто Оризари – 39
    • Студеничани – 18
    • Сарај – 21
    • Арачиново – 18
    • Илинден – 13
    • Сопиште – 8
    • Чучер Сандево – 7
    • Петровец – 8
    • Зелениково – 4
    • Странец – 4
    • Нераспределен – 2

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира