Министерството за здравство соопшти дека во подготовка е набавката на специјални маски кои штитат и од ПМ2.5 и од ПМ10.
„Ќе бидат набавени 40.000 специјални маски и ќе ги поделиме на пациентите во ризик. Малку доцниме, затоа што процедурите за набавка се долги”, велат од Министерство за здравство.
Министерството вели дека ваква набавка е планирана и за следната година и дека маските ќе ги набават и делат според потребите.
Е. БОЧВАРОСКА