44-ГОДИШНО ЛИЦЕ ОД ТЕТОВО МЕЃУ ОСУМТЕМИНА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, УШТЕ 296 БОЛНИ ОД 3.480 ТЕСТОВИ

    44-ГОДИШНО ЛИЦЕ ОД ТЕТОВО МЕЃУ ОСУМТЕМИНА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, УШТЕ 296 БОЛНИ ОД 3.480 ТЕСТОВИОд денес во угостителски објекти низ земјава и на настани ќе може да се влезе или со сертификат за примена вакцина против ковид-19 или со потврда за прележан ковид. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Осум починати лица од ковид-19 на возраст од 44-78 години се регистрирани во последните 24 часа и уште 296 новозаболени од 3.480 тестирања.

    Според Министерството за здравство, најмногу починати, 3 се од Гостивар (54 ,69 и 78), по 2 лица од Струга (69 и 74) и Тетово (44 и 51) и едно лице од Кочани (74).

    Нови болни се регистрирани во: Скопје – 143, Гостивар – 60, Кичево – 23, Струмица – 11, Штип – 10, Тетово – 9, Куманово – 8, Струга – 6, Охрид – 5, Прилеп, Радовиш и Дебар – по 3, Битола, Кочани, Неготино и Пробиштип – по 2, Велес, Кавадарци, Виница и Кратово – по 1.

    Регистрирани се 109 оздравени пациенти од: Тетово – 42, Скопје – 33, Гостивар – 12, Куманово – 6, Кавадарци – 4, Струмица – 3, Кичево, Радовиш, Битола и Пехчево – по 2, Велес – 1.

    Направени се 3.480 тестови преку: ИЈЗ-22, ЦЈЗ Скопје-29, ЦЈЗ Битола-1, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово–2, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 1, ГОБ „8 Септември“-0, Институт за микробиологија–101, Жан Митрев (Филип Втори)-121, Авицена-86, Биотек-94, Систина-94, лабораторија Лаор-0, Синлаб-27, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа – 0, Никоб лаб-796, ВФВ Медикал-37, Ели Медика-42, Ројал Медика – 30, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.997.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.065.772 тестирања на ковид-19.

    Од почетокот на коронакризата во земјава ковид-дијагностицирани се 162.457 лица, оздравени се 150.960, починаа 5.560, а активни случаи се 5.937.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
    Скопје 70938, Активни 2001
    Куманово 9310, Активни 363
    Тетово 8628, Активни 1172
    Прилеп 8385, Активни 51
    Битола 6453, Активни 124
    Гостивар 6116, Активни 820
    Велес 5535, Активни 55
    Кавадарци 5216, Активни 50
    Охрид 5176, Активни 155
    Штип 5020, Активни 52
    Струмица 4393, Активни 249
    Струга 3116, Активни 131
    Кичево 2951, Активни 330
    Кочани 2844, Активни 42
    Гевгелија 2200, Активни 3
    Неготино 2188, Активни 4
    Свети Николе 1546, Активни 18
    Ресен 1268, Активни 34
    Крива Паланка 1232, Активни 5
    Радовиш 1201, Активни 34
    Дебар 1088, Активни 123
    Берово 1065, Активни 27
    Делчево 985, Активни 11
    Виница 909, Активни 21
    Пробиштип 793, Активни 4
    Валандово 689, Активни 19
    Богданци 494, Активни 0
    Крушево 490, Активни 0
    Демир Хисар 402, Активни 2
    Демир Капија 399, Активни 3
    Македонски Брод 383, Активни 23
    Кратово 379, Активни 2
    Пехчево 282, Активни 7
    Македонска Каменица 250, Активни 1
    Дојран 133, Активни 1

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира