448 ДЕЦА ВАКЦИНИРАНИ ЗА МАЛИ СИПАНИЦИ ВО СКОПЈЕ, ОСТАНУВА ЗАБРАНАТА ЗА ПРИЕМ НА НЕВАКЦИНИРАНИ ВО ГРАДИНКА

    448 ДЕЦА ВАКЦИНИРАНИ ЗА МАЛИ СИПАНИЦИ ВО СКОПЈЕ, ОСТАНУВА ЗАБРАНАТА ЗА ПРИЕМ НА НЕВАКЦИНИРАНИ ВО ГРАДИНКА„Листата што денес ни ја пратија од Министерство за труд и социјална политика, покрај јавните градинки има 21 приватна градинка и 6 градинки кои функционираат во рамки на високообразовни установи и образовни установи. Во текот на денот испратени се решенија и до нив дека е ставена забрана да примаат невакцинирани деца, а во текот на утрешниот ден ќе информираме за контролите направени и кај нив“, рече директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова-Бухова (Фото: СДК.МК)

    Денес во пунктовите за имунизација во Скопје биле вакцинирани 488 деца со вакцината МРП (морбили, рубеола, паротит) соопшти Министерството за здравство.

    „Пунктовите за вакцинација во поликлиниките ‘Јане Сандански’, ‘Бит Пазар’, и ‘Букурешт’ ќе работат и утре до 19 часот. Напоменуваме дека сѐ уште е на сила забраната за прием на невакцинирани деца во градинка“, велат од Министерството за здравство.

    Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денес дополнително  испратил решенија до сите приватни градинки дека е забрането да примаат деца кои не се вакцинирани за мали сипаници, откако вчера попладне беше прогласена епидемија на територијата на Скопје.

    Директорката на ДСЗИ Ирина Бухова-Сотирова вели дека вчеравечер вакви решенија пратиле до 21 јавна установа за згрижување деца во предучилишна возраст, кои пак имаат од 3 до 5 клонови и до пет приватни градинки. Во текот на денот, по реакции од родителите дека децата во приватните градинки ги примаат и невакцинирани и дека дел од нив сакаат да ги префрлат децата во приватни градинки, ДСЗИ добил целосна листа на приватни градинки од Министерството за труд и социјална политика.

    „Ние го немаме целиот список на приватни градинки, и не е е наша обврска да го имаме. Листата што денес ни ја пратија од Министерство за труд и социјална политика, покрај јавните градинки има 21 приватна градинка и 6 градинки кои функционираат во рамки на високообразовни установи и образовни установи. Во текот на денот испратени се решенија и до нив дека е ставена забрана да примаат невакцинирани деца, а во текот на утрешниот ден ќе информираме за контролите направени и кај нив“, рече Бухова-Сотирова.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира