5 АВТОМОБИЛИ ИЗГОРЕА ВО ПОЖАР ПОД СКОПСКО КАЛЕ

    5 АВТОМОБИЛИ ИЗГОРЕА ВО ПОЖАР ПОД СКОПСКО КАЛЕПожарот се гаснеше со 4 противпожарни возила и 13 пожарникари. (Фото: СДК.МК)

    Пет автомобили изгореа денеска во пожар на поранешниот полигон за полагање возачки испити, под Скопско кале.

    Пожарот се гаснеше со 4 противпожарни возила и 13 пожарникари.

    Пожарникарите работат на расчистување на теренот, а полицајци вршат увид за да се утврдат причините за пожарот.

    Поранешниот полигон секој викенд е преполн со паркирани автомобили, бидејќи се наоѓа веднаш спроти Градскиот парк.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира