5 ПОЧИНАА ОД КОВИД-19 ВО ПОСЛЕДНОТО ДЕНОНОЌИЕ, НОВИ 142 ПОЗИТИВНИ ОД 1.542 ТЕСТА

    5 ПОЧИНАА ОД КОВИД-19 ВО ПОСЛЕДНОТО ДЕНОНОЌИЕ, НОВИ 142 ПОЗИТИВНИ ОД 1.542 ТЕСТАНа Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти, а во „8 Септември“ примени се 3 нови пациенти; - Пациенти на скопскиот Клинички центар. (Фото: К. Попов)

    Во изминатото деноноќие по компликации од ковид-19 починаа 5 лица, а од 1.542 тестови, регистрирани се 142 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

    Во статистиката за починатите, досега вкупно 642, е наведено дека станува збор за 69-годишен пациент од Гостивар, пациент од Прилеп (84), од Охрид (84), од Македонски Брод (46) и пациент од Штип (58).

    Од новите случаи, најмногу регистрирани има во Скопје, 37, па следат: Куманово-18, Дебар-1, Штип-3, Прилеп-8, Тетово-13, Струга-3, Битола-4, Гостивар-9, Струмица-4, Крива Паланка-8, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-5, Пробиштип-3, Македонски Брод-2, Пехчево-4, Берово-2, Валандово-1, Виница-3, Делчево-7, Кратово-1, Кичево-2 и Ресен-2.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 39 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

    Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.

    Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 31 пациент. На респираторна машина се 4 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 136, позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Институтот за јавно здравје регистрира 98 оздравен пациент од: Скопје-20, Куманово-10, Штип-10, Прилеп-4, Тетово-3, Струга-11, Велес-4, Битола-3, Охрид-2, Кавадарци-4, Гостивар-6, Гевгелија-1, Струмица-1, Кочани-1, Пехчево-2, Берово-3, Виница-1, Делчево-4, Свети Николе-3 и Кичево-5.

    Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата има 15.555, оздравеа 12.994, а активни случаи има 1.919. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашната статистика, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

    • Скопје 6247, активни 588

    • Куманово 1580, активни 214

    • Дебар 265, активни 32

    • Штип 1200, активни 81

    • Прилеп 542, активни 132

    • Тетово 1279, активни 117

    • Струга 613, активни 53

    • Велес 283, активни 17

    • Битола 241, активни 47

    • Охрид 388, активни 59

    • Кавадарци 195, активни 24

    • Гостивар 838, активни 97

    • Гевгелија 80, активни 46 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани)

    • Струмица 90, активни 34

    • Крива Паланка 79, активни 35

    • Радовиш 50, активни 9

    • Крушево 18, активни 2

    • Кочани 179, активни 47

    • Пробиштип 94, активни 19

    • Демир Хисар 60, активни 2

    • Македонски Брод 83, активни 14

    • Пехчево 42, активни 28

    • Берово 72, активни 33

    • Валандово 12, активни 4

    • Виница 88, активни 28

    • Делчево 122, активни 85 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

    • Кратово 24, активни 5

    • Свети Николе 304, активни 23

    • Кичево 289, активни 36

    • Ресен 149, активни 2

    • Неготино 49, активни 6 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1.542 теста се преку: ИЈЗ-439, ЦЈЗ Скопје-30, Авицена-364, Биотек-160, МАНУ -101, Жан Митрев (Филип Втори)-165, Систина со ПЦР метода -175, лабораторија Лаор –64, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-28, Инфективна клиника-9, ГАК-7, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 163.132 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

    • Чаир – 55

    • Гази Баба – 71

    • Аеродром – 94

    • Карпош – 71

    • Центар – 68

    • Кисела Вода – 53

    • Ѓорче Петров – 35

    • Бутел – 41

    • Шуто Оризари – 19

    • Студеничани – 13

    • Сарај – 17

    • Арачиново – 9

    • Илинден – 12

    • Сопиште – 4

    • Чучер Сандево – 2

    • Петровец – 4

    • Зелениково – 1

    • Странец – 3

    • Нераспределен-16

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира