5 ПОЧИНАТИ И 276 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 2.720 ТЕСТОВИ

    5 ПОЧИНАТИ И 276 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 2.720 ТЕСТОВИБројот на активни случаи изнесува 6.086. (Фото: СДК.МК)

    Во последните 24 часа се регистрирани 276 нови случаи на ковид-19 од направени 2.720 тестирања, соопшти Министерството за здравство.

    Новите случаи се од: Скопје – 130, Битола – 35, Прилеп – 17, Охрид – 14, Куманово – 13, Штип – 10, Кавадарци – 9, Струмица – 7,Крива Паланка – 6, Тетово – 5, Кочани, Свети Николе и Пробиштип – по 4, Велес и Ресен – по 3, Гевгелија, Неготино и Богданци – по 2, Гостивар, Кичево, Струга,Радовиш, Делчево и Македонски Брод – по 1.

    Во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 5 починати лица: 2 од Скопје (82г и 82г), по 1 од Свети Николе (68г), Кратово (88г)и Демир Хисар (55г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

    Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од МојТермин, пријавени се 5 починати лица со датум на смрт од 21.11.2021 до 28.11.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (3), Прилеп (1), Кичево (1). Починатите лица се на возраст од 29 до 79 години. Две лица се починати во домашни услови и три лица во болнички услови.

    Направените 2.720 тестови се преку: ИЈЗ-213, ЦЈЗ Скопје-35, ЦЈЗ Битола-72, ЦЈЗ Прилеп-50, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-61, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –1,ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–175,Жан Митрев (Филип Втори)-60, Авицена-1108, Биотек-107, Систина-46, лабораторија Лаор-255, Синлаб-20, Ремедика-0, Плодност–48, Генеа-7, Никоб лаб-270,ВФВ Медикал-37, Ели Медика-30, Ројал Медика–60,Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–5, Жан Митрев Струмица–3,Нова Лаб Дијагностика–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) –вкупно 1.051.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.484.645 тестирањана ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.301,бројот на оздравени пациенти е 203.574, на починати е 7.641, а бројот на активни случаи изнесува 6.086.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира