5 ПОЧИНАТИ, УШТЕ 102 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ОД 1.356 ТЕСТОВИ

    5 ПОЧИНАТИ, УШТЕ 102 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ОД 1.356 ТЕСТОВИДосега во земјата се направени вкупно 97.550 тестирања на ковид -19. - Од скринингот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). (Фото: Ѓ. Личовски)

    Починати се 5 лица во изминатите 24 часа по компликации од ковид-19, и тоа пациент од Скопје (70 години), пациент од Кичево (72), пациент од Куманово (64), пациент од Прилеп (48) и пациент од Штип (76) Сите пациенти се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

    Од 1.356 тестирања, регистрирани се 102 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-39, Куманово-11, Штип-13, Прилеп-3, Тетово-2, Струга-2, Битола-6, Охрид-3, Кавадарци-3, Гостивар-8, Радовиш-1, Кочани-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Виница-1, Свети Николе-3, Кичево-4.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 12 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 позитивни деца и 2 пациенти суспектни на вирусот. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 12 нови, вкупно хоспитализирани се 106 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 130 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Институтот за јавно здравје регистрира 99 оздравени пациенти од: Скопје-49, Штип-2, Тетово-10, Струга-17, Охрид-15, Гостивар-2, Струмица-1, Кочани-1, Кичево-1, Ресен-1.

    Вкупно ковид дијагностицирани земјава има 10.315, оздравеа 5.663, починаа 471, а активни се 4.181.

    Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

    • Скопје 4.699, активни 1.865

    • Куманово 1.002, активни 294

    • Дебар 192, активни 124

    • Штип 774, активни 419

    • Прилеп 327, активни 55

    • Тетово 1.000, активни 270

    • Струга 418, активни 191

    • Велес 212, активни 20

    • Битола 122, активни 65

    • Охрид 265, активни 99

    • Кавадарци 51, активни 34

    • Гостивар 393, активни 240

    • Гевгелија 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)

    • Струмица 35, активни 23

    • Крива Паланка 22, активни 8

    • Радовиш 29, активни 24

    • Крушево 15, активни 9

    • Кочани 96, активни 23

    • Пробиштип 48, активни 29

    • Демир Хисар 25, активни 23

    • Македонски Брод 16, активни 12

    • Пехчево 6, активни 0

    • Берово 4, активни 1

    • Валандово 6, активни 0

    • Виница 8, активни 4

    • Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

    • Кратово 13, активни 8

    • Свети Николе 220, активни 192

    • Кичево 124, активни 92

    • Ресен 143, активни 39

    • Неготино 23, активни 3 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1.356 теста се преку: ИЈЗ-416, ЦЈЗ Скопје-36, Авицена-112, Биотек-116, МАНУ -187, Жан Митрев (Филип Втори)-274, Систина со ПЦР метода -139, Судска медицина -13, ЦЈЗ Битола-47, Инфективна клиника-4, ГАК-12. Досега во земјата се направени вкупно 97.550 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
    • Чаир – 262

    • Аеродром – 205

    • Бутел – 128

    • Гази Баба – 193

    • Центар – 150

    • Карпош – 165

    • Сарај – 105

    • Кисела Вода – 179

    • Ѓорче Петров – 129

    • Студеничани – 92

    • Шуто Оризари – 125

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    • Арачиново – 36

    • Илинден – 25

    • Петровец – 19

    • Чучер Сандево – 12

    • Сопиште – 21

    • Зелениково- 8

    • Странец – 8

    • Нераспределен- 3

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира