528 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 И 13 ПОЧИНАТИ, ОД КОИ 6 ОД 27 ОКТОМВРИ ДО 8 НОЕМВРИ

    528 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 И 13 ПОЧИНАТИ, ОД КОИ 6 ОД 27 ОКТОМВРИ ДО 8 НОЕМВРИБројот на активни случаи изнесува 8.600. (Фото: СДК.МК)

    Во последните 24 часа се регистрирани 528 нови случаи на ковид-19 од направени 4.323 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Новите случаи се од: Скопје – 200, Битола – 53, Прилеп – 42, Кавадарци – 34, Велес – 24, Кочани – 22, Штип – 19, Куманово – 18, Охрид – 13, Струмица и Гевгелија – по 10, Крива Паланка и Пробиштип – по 9, Кратово и Демир Хисар – по 7, Тетово, Ресен и Валандово – по 6, Гостивар и Неготино – по 4, Кичево, Свети Николе, Берово и Делчево – по 3, Струга, Радовиш, Виница, Богданци и Демир Капија – по 2, Македонска Каменица, Дојран и Пехчево – по 1.

    Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 4 починати лица од Скопје (63г, 66г, 74г и 78г), 2 починати лица од Свети Николе (76г и 84г) и едно починато лице од Кавадарци (65г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

    Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени шест починати лица со датум на смрт од 27.10.2021 до 08.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Тетово (2), Кичево (1) и Радовиш (1), на возраст од 59-86г, од кои три лица се починати во домашни услови, а 3 лица се починати во болнички услови.

    Направените 4.323 тестови се преку: ИЈЗ-301, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола-106, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–38, ЦЈЗ Куманово-59, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–312, Жан Митрев (Филип Втори)-98, Авицена-165, Биотек-255, Систина-72, лабораторија Лаор-237, Синлаб-16, Ремедика-14, Плодност–51, Генеа-6, Никоб лаб-366, ВФВ Медикал-83, Ели Медика-50, Ројал Медика–36, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб – 8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.919.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.426.274 тестирања на ковид-19.

    Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 208.992, бројот на оздравени пациенти е 193.072, на починати е 7.320, а бројот на активни случаи изнесува 8.600.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира