Шест лица починаа, од кои четири пациенти од Скопје и два од Гостивар по компликации од коронавирус, а во последните 24 часа се направени 1.728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Ова е највисока дневна броја на новозаболени од почетокот на коронакризата.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст од 62, 68 и 94 години.
Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ починати се двајца пациенти на возраст од 65 и 70 години.
Во Општата болница во Гостивар е почината пациентка на возраст 80 години.
Новозаболените лица се од : Скопје-60, Куманово-13, Дебар-17, Штип-10, Прилеп-2, Тетово-13, Струга-12, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-23, Струмица-1, Крушево-1, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-1, Свети Николе-29, Кичево-7, Ресен-3.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 59 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 деца позитивни и 1 суспектно на вирусот.
Во „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 112 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Институтот за јавно здравје регистрира 336 оздравени лица од: Скопје-113, Куманово-28, Дебар-8, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-40, Струга-52, Велес-1, Охрид-57, Кавадарци-1, Гостивар-8, Крива Паланка-4, Кочани-1, Пробиштип-1, Валандово-2 и Ресен-4.
Вкупно ковид дијагностицирани во земјава се 7.777, оздравени се 3.960, починати е 368, а активни се 3.449.
Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 3716, активни 1871
• Куманово 831, активни 164
• Дебар 137, активни 76
• Штип 421, активни 161
• Прилеп 291, активни 59
• Тетово 844, активни 324
• Струга 300, активни 147
• Велес 201, активни 38
• Битола 68, активни 27
• Охрид 219, активни 133
• Кавадарци 23, активни 15
• Гостивар 211, активни 128
• Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 19, активни 11
• Крива Паланка 18, активни 8
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 9, активни 5
• Кочани 76, активни 16
• Пробиштип 32, активни 20
• Демир Хисар 5, активни 4
• Македонски Брод 8, активни 6
• Пехчево 6, активни 2
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 4, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 5, активни 2
• Свети Николе 88, активни 81
• Кичево 65, активни 56
• Ресен 132, активни 87
• Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.728 теста се преку: ИЈЗ-775, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-208, Биотек-161, МАНУ -131, Жан Митрев (Филип Втори) -233, Систина со ПЦР метода -131, Судска медицина -21, ЦЈЗ Битола-44. Досега во земјата се направени вкупно 74.562 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 323
• Аеродром – 162
• Бутел – 146
• Гази Баба – 200
• Центар – 146
• Карпош – 147
• Сарај – 128
• Кисела Вода – 108
• Ѓорче Петров – 107
• Студеничани – 116
• Шуто Оризари – 86
• Арачиново – 45
• Илинден – 31
• Петровец – 17
• Чучер Сандево – 16
• Сопиште – 8
• Зелениково- 13
• Странец – 5
• Нераспределен- 67