7-ГОДИШНО МОМЧЕ КОЕ ПОЧИНАЛО НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА ИМА ДВА НЕГАТИВНИ ТЕСТА НА КОРОНАВИРУС И НЕМАЛО ПНЕВМОНИЈА, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

    7-ГОДИШНО МОМЧЕ КОЕ ПОЧИНАЛО НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА ИМА ДВА НЕГАТИВНИ ТЕСТА НА КОРОНАВИРУС И НЕМАЛО ПНЕВМОНИЈА, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВОДвата теста на момчето кое починало на Детската клиника биле негативни на КОВИД-19. Детето немало пневмонија, ниту симптоми за коронавирус. (Фото: СДК.МК)

    Седумгодишно момче кое минатата недела починало на Клиниката за детски болести немало коронавирус, соопшти доцна попладнево Министерството за здравство.

    На редовната прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче, имаше новинарско прашање до него за случај со 7-годишно момче кое починало на Детската клиника, дали по првиот негативен брис, бил направен и втор. Новинарката кажа дека момчето имало пневмонија и симптоми слични на коронавирус.

    „На седумгодишното машко дете кое почина на Универзитетската клиника за детски болести земени му се два бриса за тестирање за коронавирус. Еден брис кога било хоспитализирано детето, а вториот брис кога починало. Двата теста биле негативни на КОВИД-19. Детето немало пневмонија, ниту симптоми за коронавирус“, стои во соопштението од министерството.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира