7 ПОЧИНАА ЗА 24 ЧАСА, 115 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19, ДОСЕГА 7.046 ВКУПНО РЕГИСТРИРАНИ ВО ЗЕМЈАВА

    7 ПОЧИНАА ЗА 24 ЧАСА, 115 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19, ДОСЕГА 7.046 ВКУПНО РЕГИСТРИРАНИ ВО ЗЕМЈАВАВо Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ починаа пет пациенти на возраст од 56, 62, 64, 65 и 82 години; - Возило на Брза помош пред болницата. (Фото: Ѓ. Личовски )

    Во изминатите 24 часа починаа 7 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Крушево по компликации од коронавирус, соопшти Министерството за здравство. Во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-53, Куманово-4, Дебар-6, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-8, Струга-13, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-5, Пробиштип-1, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-2.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 50 и 70 години. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ починаа пет пациенти на возраст од 56, 62, 64, 65 и 82 години.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 88 пациенти. На кислородна поддршка се 54 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 30 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни и суспектни на вирусот. Во „8 Септември“ примени се 12 нови, вкупно хоспитализирани се 123 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 92 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Оздравени се 40 лица од: Скопје-26, Велес-2, Гостивар-3, Кичево-3, Ресен-6.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава се 7.046, од кои оздравени се 3.027, починаа  341, а активни се 3.678.

    Од вчерашните тестирања еден е контролен, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 3.394, активни 2.007
    • Куманово 797, активни 244
    • Дебар 109, активни 57
    • Штип 374, активни 161
    • Прилеп 282, активни 56
    • Тетово 766, активни 392
    • Струга 265, активни 167
    • Велес 196, активни 43
    • Битола 61, активни 22
    • Охрид 204, активни 175
    • Кавадарци 21, активни 15
    • Гостивар 156, активни 93
    • Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
    • Струмица 17, активни 9
    • Крива Паланка 16, активни 10
    • Радовиш 4, активни 0
    • Крушево 7, активни 3
    • Кочани 74, активни 21
    • Пробиштип 26, активни 17
    • Демир Хисар 2, активни 1
    • Македонски Брод 6, активни 4
    • Пехчево 6, активни 3
    • Берово 3, активни 0
    • Валандово 6, активни 2
    • Виница 3, активни 0
    • Делчево 1, активни 0
    • Кратово 5, активни 2
    • Свети Николе 42, активни 37
    • Кичево 48, активни 39
    • Ресен 122, активни 89
    • Неготино 21, активни 6 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1032 теста се преку: ИЈЗ –480, Авицена –101, Биотек –130, МАНУ -113, Жан Митрев (Филип Втори) -87, Систина со ПЦР метода -90, ЦЈЗ Битола-31. Досега во земјата се направени вкупно 67.165 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
    • Чаир – 415
    • Аеродром – 159
    • Бутел – 173
    • Гази Баба – 207
    • Центар – 150
    • Карпош – 167
    • Сарај – 154
    • Кисела Вода – 118
    • Ѓорче Петров – 116
    • Студеничани – 115
    • Шуто Оризари – 93
    • Арачиново – 51
    • Илинден – 33
    • Петровец – 16
    • Чучер Сандево – 18
    • Сопиште – 13
    • Зелениково-7
    • Странец – 2
    • Нераспределен- 0

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари