70 ОТСТО ОД ГРАЃАНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ЗАРАБОТУВААТ ПОМАЛКУ ОД 300 ЕВРА

    70 ОТСТО ОД ГРАЃАНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ЗАРАБОТУВААТ ПОМАЛКУ ОД 300 ЕВРАРеформа на јавните финасии за септември најави министерот за финансии Драган Тевовски.- (Фото:СДК.МК)

    Седумдесет отсто од населението има месечни примања помали од 300 евра, а 50 отсто од населението заработува помалку од 212 евра месечно. Според податоците за доходовната нееднаквост во Македонија, што денес ги објави Министерството за финансии, најбогатите еден процент во земјава заработуваат 14 отсто од вкупниот доход во Македонија.

    „Лани овкупниот доход во Македонија лани бил 3,4 милијарди евра, од овие 470 милиони евра се доход на најбогатите еден отсто од населението. Највисок годишен доход што едно лице остварило лани е 2,6 милиони евра, 15 лица заработиле над милион евра, а66 лица од најбогатите заработиле над пола милион евра“, рече Бранимир Јовановиќ, советник во кабинетот на министерот за финансии Драган Тевдовски.

    Тој рече дека се повеќе економски студии укажуваат на тоа дека големата доходовна нееднаквост меѓу населението води до намален економски развој и до појава на економски кризи, поради што развиените земји веќе водат политика на намалување на таа нееднаквост. Најмала е нееднаквоста во скандинавските земји, а најголема во Германија и Велика Британија. Анализите пак за Македонија покажуваат дека таа нееднаквост е уште поголема отколку во Германија и Велика Британија.

    „Пример за оваа нееднаквост е едно новинско издавачко претпријатие лани 466 вработени имале просечен доход од 280 евра, а еден вработен доход од 21.000 евра. Во една текстилна фабрика 376 вработени просечно месечно заработувале 140 евра, а еден вработен 73.000 евра имал доход, што е повеќе од доходот на сите вработени заедно. Анализата покажа дека најсиромашните доходот најмногу го оствариле од плата и пензија, додека кај најбогатите доходот е остварен од плата, дивиденди и закупнини. Кај најбогатите проиход од пензија нема“, рече Јовановски.

    Министерот Драган Тевдовски рече дека оваа анализа, која е правена според податоци од УЈП, ќе се користи при подготовка на даночните реформи, кои се предвидени и во програмата за работа на Владата. Тој најави дека до крајот на годината ќе излезат со предлози за реформа на даночниот систем, но дека ќе има и широка јавна дебата за нив.
    „Во септемврии ќе излеземе и со реформа на јавните финансии, што е работена со Европската Унија“, рече Тевдовски.
    Минитерството за финансии апелираше до Собранието што побрзо да ги донесе законите за стечајците и за зголемување на минималната плата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира