71 ПРАТЕНИК СО КАМПАЊА „ЗА“ НА РЕФЕРЕНДУМОТ, МИЛОШОСКИ БОЈКОТИРА, ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ СЕ ИЗЈАСНИ В СРЕДА

    71 ПРАТЕНИК СО КАМПАЊА „ЗА“ НА РЕФЕРЕНДУМОТ, МИЛОШОСКИ БОЈКОТИРА, ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ СЕ ИЗЈАСНИ В СРЕДА„Пратеникот Антонијо Милошоски, како поединец пратеник испратил допис дека ќе учествува во кампањата со бојкотирачки став, бидејќи е против референдумското прашање. ВМРО-ДПМНЕ уште нема доставено известување, а според најавите од координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, тоа ќе го сторат в среда“, соопшти Собранието (Фото: СДК.МК)

    Пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, ДПА, Алијансата на Албанците, Беса, како и двајца независни пратеници или 71 пратеник се изјаснија дека се „За“ на референдумското прашање и го информирале претседателот на Собранието Талат Џафери дека нивните пратеници ќе земат активно учество во јавната кампања за референдумот за името, што ќе се одржи на 30 септември, соопшти Собранието.

    „Пратеникот Антонијо Милошоски, како поединец пратеник испратил допис дека ќе учествува во кампањата со бојкотирачки став, бидејќи е против референдумското прашање. ВМРО-ДПМНЕ уште нема доставено известување, а според најавите од координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, тоа ќе го сторат в среда“, соопшти Собранието.

    На денешната координација со која раководеше Талат Џафери, присуствуваа потпретседателите и координаторите на сите пратенички групи освен на ВМРО-ДПМНЕ.

    „Уште еднаш беше потенцирано дека пратениците нема да добиваат пари, туку Собранието ќе закупи медиумски простор и истиот, според изјаснувањето, ќе биде пропорционално поделен“, појасни Собранието.

    Собранието формираше Координативно тело за подготовка и спроведување на јавната кампања кое ќе го раководи Џафери.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира