8 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 И УШТЕ 588 ПОЗИТИВНИ ОД 5.780 ТЕСТОВИ

    8 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 И УШТЕ 588 ПОЗИТИВНИ ОД 5.780 ТЕСТОВИПо компликации од ковид-19 во земјава досега почина 5.521 лице. (Фото: К. Попов)

    Осум лица починаа од ковид-19 во изминатото деноноќие, а од 5.780 тестови, регистрирани се 588 нови случаи, вели Министерството за здравство. Позитивни се 10 отсто од тестираните, што е драматичен скок од пред 10 дена кога беше 1,5 отсто.

    Починати се: по 2 лица од Тетово (66 и 72) и Гостивар (67 и 72), по едно лице од Скопје (65), Прилеп (51), Кичево (74) и Велес (65). Од починатите лица само едно лице е починато во домашни, а останатите 7 лица во болнички услови.

    Нови случаи се регистрирани во: Скопје – 230, Тетово – 101, Гостивар – 82, Кичево – 48, Дебар – 17, Охрид и Струмица – по 16, Куманово – 15, Струга –11, Битола – 8, Кавадарци и Свети Николе – по 6, Радовиш и Берово – по 5, Велес и Валандово – по 4, Штип и Виница – по 3, Ресен и Македонски Брод – по 2, Прилеп, Кочани, Демир Капија и Пехчево – по 1.

    Регистрирани се 26 оздравени пациенти од: Скопје – 8, Тетово – 6, Гостивар – 4, Куманово, Битола и Берово – по 2, Кичево и Валандово – по 1.

    Направени се 5.780 тестови преку: ИЈЗ-194, ЦЈЗ Скопје-81, ЦЈЗ Битола-109, ЦЈЗ Прилеп-27, ЦЈЗ Тетово–90, ЦЈЗ Куманово–89, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ -9, Институт за микробиологија–82, Жан Митрев (Филип Втори)-82, Авицена-393, Биотек-169, Систина-84, лабораторија Лаор-702, Синлаб-50, Ремедика-18, Плодност–29, Генеа – 11, Никоб лаб-861, ВФВ Медикал-64, Ели Медика-43, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.592.

    Досега во земјата се направени 1.033.882 тестирања на ковид-19.

    Од почетокот на коронакризата во земјава се регистрирани 159.269 ковид позитивни, оздравени се 150.613, почина 5.521, а активни се 3.135 болни.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

    Скопје 69879, Активни 1053
    Куманово 9114, Активни 193
    Прилеп 8359, Активни 28
    Тетово 8127, Активни 755
    Битола 6395, Активни 75
    Гостивар 5583, Активни 370
    Велес 5498, Активни 21
    Кавадарци 5189, Активни 31
    Охрид 5088, Активни 67
    Штип 4983, Активни 18
    Струмица 4220, Активни 88
    Струга 3050, Активни 67
    Кочани 2823, Активни 27
    Кичево 2771, Активни 161
    Гевгелија 2199, Активни 2
    Неготино 2184, Активни 0
    Свети Николе 1536, Активни 9
    Ресен 1242, Активни 8
    Крива Паланка 1229, Активни 2
    Радовиш 1183, Активни 19
    Берово 1053, Активни 18
    Дебар 1025, Активни 71
    Делчево 977, Активни 3
    Виница 898, Активни 12
    Пробиштип 791, Активни 2
    Валандово 681, Активни 11
    Богданци 494, Активни 0
    Крушево 490, Активни 0
    Демир Хисар 400, Активни 0
    Демир Капија 398, Активни 2
    Кратово 377, Активни 0
    Македонски Брод 372, Активни 13
    Пехчево 279, Активни 8
    Мак.Каменица 250, Активни 1
    Дојран 132, Активни 0

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира