8 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, НОВИ 225 ПОЗИТИВНИ ОД 1.841 ТЕСТОВИ ОД КОИ 120 ВО СКОПЈЕ

    8 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, НОВИ 225 ПОЗИТИВНИ ОД 1.841 ТЕСТОВИ ОД КОИ 120 ВО СКОПЈЕВо Скопје активни се активни 1.005 ковид болни; - Возило на Брза помош низ Скопје. (Фото: К. Попов)

    Во болнички услови починaa 8 лица по компликации од ковид-19 во последните 24 часа, и тоа двајца пациенти од Скопје (75 и 68), три пациенти од Гостивар (82, 68 и 65), од Кочани (69), од Струга (78) и Струмица (64), соопшти Министерството.

    Од 1.841 тестирања регистрирани се 225 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-120, Куманово-10, Штип-8, Прилеп-15, Тетово-17, Струга-6, Битола-7, Охрид-4, Гостивар-1, Гевгелија-3, Струмица-13, Крива Паланка-2, Кочани-6, Пробиштип-2, Берово-3, Виница-1, Делчево-1, Свети Николе-3, Кичево-2, Неготино-1 .

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле нема хоспитализирани позитивни на ковид-19, а хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 8, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На Инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 189, позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти од: Скопје-56, Куманово-13, Прилеп-10, Тетово-10, Струга-2, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-2, Гостивар-9, Гевгелија-2, Струмица-14, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Кочани-14, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-2, Делчево-1, Свети Николе-4, Кичево-7, Неготино-1.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата се 19.096, оздравеа 15.645, починаа 768, а активни се 2.683. Денес се евидентираат два контролни теста. Според завршените епидемиолошки анализи, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

    • Скопје 7.538, активни 1.005

    • Куманово 1.812, активни 167

    • Дебар 287, активни 32

    • Штип 1.294, активни 69

    • Прилеп 737, активни 147

    • Тетово 1.509, активни 168

    • Струга 694, активни 47

    • Велес 341, активни 32

    • Битола 338, активни 77

    • Охрид 442, активни 35

    • Кавадарци 252, активни 39

    • Гостивар 948, активни 66

    • Гевгелија 143, активни 46 (9 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 21 на Богданци и 12 се странски државјани)

    • Струмица 316, активни 177

    • Крива Паланка 127, активни 35

    • Радовиш 102, активни 34

    • Крушево 20, активни 1

    • Кочани 432, активни 171

    • Пробиштип 119, активни 19

    • Демир Хисар 62, активни 2

    • Македонски Брод 93, активни 3

    • Пехчево 46, активни 4

    • Берово 130, активни 50

    • Валандово 51, активни 36

    • Виница 126, активни 37

    • Делчево 174, активни 84 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

    • Кратово 26, активни 2

    • Свети Николе 376, активни 53

    • Кичево 336, активни 26

    • Ресен 166, активни 8

    • Неготино 59, активни 11 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1.841 теста се преку: ИЈЗ-379, ЦЈЗ Скопје-36, Авицена-266, Биотек-253, МАНУ -210, Жан Митрев (Филип Втори)-278, Систина со ПЦР метода -196, лабораторија Лаор –78, Судска медицина-18, ЦЈЗ Битола-51, Инфективна клиника-4, ГАК-17, Синлаб-55, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 197.382 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

    • Чаир – 61

    • Гази Баба – 114

    • Аеродром – 173

    • Карпош – 147

    • Центар – 171

    • Кисела Вода – 116

    • Ѓорче Петров – 74

    • Бутел – 44

    • Шуто Оризари – 17

    • Студеничани – 4

    • Сарај – 14

    • Арачиново – 5

    • Илинден – 32

    • Сопиште – 3

    • Чучер Сандево – 4

    • Петровец – 7

    • Зелениково – 3

    • Странец – 9

    • Нераспределен-7

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира