Девет лица починаа по компликации од коронавирус, шест пациенти од Тетово и тројца пациенти од Скопје, вели Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа се направени 1.086 тестирања, а регистрирани се 150 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 93, Куманово-7, Штип-3, Прилеп-4, Тетово-12, Струга-3, Битола-1, Охрид-9, Гостивар-3, Кочани-1, Кичево-8, Ресен-5, Неготино-1.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 79 години. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ починати се две лица од Скопје на возраст 58 и 81 година и пациент од Тетово на 58 години. Во Тетово починати се пет лица на возраст 63, 60, 77, 72 и 69 години.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 16 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 100 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 4 деца позитивни и сомнителни на ковид и 17 возрасни позитивни пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, вкупно хоспитализирани се 133 пациенти. На респираторна машина се 9 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 30 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 75 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Оздравени се 30 пациенти од: Скопје-21, Штип-3, Прилеп-2, Тетово-3, Битола-1.
Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја се 5.906, оздравени се 2.236, починати се 277, а активни се 3.393 случаи.
Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 2.893, активни 1.931
• Куманово 732, активни 276
• Дебар 89, активни 37
• Штип 306, активни 181
• Прилеп 246, активни 23
• Тетово 640, активни 374
• Струга 196, активни 114
• Велес 173, активни 30
• Битола 46, активни 15
• Охрид 149, активни 125
• Кавадарци 14, активни 8
• Гостивар 104, активни 63
• Гевгелија 10, активни 4 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 14, активни 10
• Крива Паланка 15, активни 9
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 6, активни 3
• Кочани 67, активни 30
• Пробиштип 14, активни 9
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 6, активни 4
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 1
• Свети Николе 24, активни 22
• Кичево 24, активни 20
• Ресен 94, активни 90
• Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.086 теста се преку: ИЈЗ –527, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –95, Биотек –125, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори) -171, Судска медицина-4, Систина со ПЦР метода -134 и ЦЈЗ Битола-30. Досега во земјата се направени вкупно 57.895 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Активни случаи по општини во Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 421
• Аеродром – 147
• Бутел – 137
• Гази Баба – 151
• Центар – 127
• Карпош – 128
• Сарај – 139
• Кисела Вода – 109
• Ѓорче Петров – 86
• Студеничани – 95
• Шуто Оризари – 73
• Арачиново – 54
• Илинден – 30
• Петровец – 18
• Чучер Сандево – 16
• Сопиште – 12
• Зелениково-2
• Странец – 3
• Нераспределен-90