Исто како и во првиот круг гласање од локалните избори во 2013 година, притисокот и на 7 април, денот на вториот круг, врз членството на ВМРО-ДПМНЕ, вработени во образованието, администрацијата и во приватни компании кои гравитираат во Центар, е огромно, се слуша во бомбите на денешното судење за „Титаник“.
Обвинетиот Миле Јанакиески се јавува по одговорните лица задолжени да вадат луѓе од дома за гласање, ги прашува поединечно каква е излезноста буквално на секое избирачко место, не само во Центар, туку и во Струмица. За Куманово одговорна е обвинетата Гордана Јанкулоска, која кажува дека од началникот на организиран криминал, па нагоре до највисоко ниво во МВР, се присутни во Куманово да работат против победата на Зоран Дамјановски – Циц.
- ПУШТИ ГО, УБО МУ Е ВО ЗАТВОР, ЈАНАКИЕСКИ ВРАЌА ВО ИДРИЗОВО ОСЛОБОДЕН ОСУДЕНИК ЗА ДА ГЛАСА ТАМУ ЗАШТО ГО НЕМАЛО ВО ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК, СЕ СЛУША ВО БОМБИТЕ НА „ТИТАНИК“
- ОВАА Е НЕНОРМАЛНА, ПОВАЖЕН Ѝ Е ГОСПОД ОД ПАРТИЈАТА, СЕ ЖАЛИ ЈАНАКИЕСКИ ОД ДИРЕКТОРКА ВО БОМБИТЕ НА „ТИТАНИК“
- ЌЕ МУ СЕ НАЕБАМ НА КОЦЕ ТЕЛОХРАНИТЕЛОТ, КАЖИ МУ ОД ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ РАБОТИ ПРЕД БИРО ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, СЕ ЗАКАНУВА ЈАНАКИЕСКИ ВО БОМБИТЕ НА „ТИТАНИК“
Миле бара сопартиец по телефон да го праша како оди гласањето на луѓето кои ги регистрирале со списоци.
„Те бараше и тој, ама ти не крена. Сега се тушира, ќе ти се јави“, му вели сопругата на сопартиецот на Миле.
„А бе какво туширање! Избори се, он се тушира!“, му забележува Миле, а сопругата на бараниот се засмејува и вели: „Добро, добро“.
Потоа по разговор со обвинетата Билјана Бришкоска-Бошкоски, се јавува кај одговорна во избирачко место по име Сања и ја предупредува за гласачите од Пустец кои гласаат тој ден во Центар.
„Внимавајте, ќе пробаат да внесат забелешки за гласање на повеќе лица со иста адреса“, укажува тој.
„Ако пробаат да им бараат посматрачиве лични карти да ги проверуваат, кажи им дека тоа е кривично дело“, ја насочува соговорничката.
„Ок“, му вели Сања.
Миле проверува, врти по телефони и сите му даваат оптимистички изјави за до 12 часот. Еден соговорник му кажува за тие што е надлежен и се фали дека вработените од владината СОЗР се супер излегле, а излегле и од „Тинекс“. Мрзливи се само Алек и Орце, вели соговорникот и кажува дека во истиот момент ќе им врти на мобилен.
С. К. ДЕЛЕВСКА