АДВОКАТОТ НА ЕКСГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТОНИ ТРАЈКОВСКИ ОТИДЕ ПО ВОДА, СУДОТ ГО ЧЕКАШЕ СРЕДЕ РОЧИШТЕ НА „ТНТ“, СЕ ВРАТИ ПО ПОЛА СААТ

    АДВОКАТОТ НА ЕКСГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТОНИ ТРАЈКОВСКИ ОТИДЕ ПО ВОДА, СУДОТ ГО ЧЕКАШЕ СРЕДЕ РОЧИШТЕ НА „ТНТ“, СЕ ВРАТИ ПО ПОЛА СААТУтринава, членови на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, партиски поддржувачи и пратеничките Невенка Стаменковски и Жаклина Пешевска дојдоа пред Кривичниот суд да им дадат поддршка на обвинетите за одмаздничкото уривање на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. - Поранешниот градоначалник Тони Трајковски на претходно рочиште за „ТНТ“ (Фото: СДК.МК)

    Јовица Страшевски, адвокатот на обвинетиот ексградоначалник на Гази Баба Тони Трајковски, по одбивањето на судијата Огнен Ставрев да му овозможи уште еден ден или дополнителни часови да врши увид во предметот „ТНТ“ како најмен од вчера, сред судење излезе да купува вода и не се врати половина час.

    За тоа време второобвинетиот Миле Јанакиески чекаше на пултот да го почне сведочењето, првин на прашања на неговиот адвокат Еленко Миланов, а потоа на обвинителот Бурим Ристеми.

    Кога се врати адвокатот што отиде по вода, судијата го опомена што ја напуштил зградата на судот за да си купи вода среде судење.

    Второобвинетиот за одмаздничкото уривање на „Космос“ Миле Јанакиески застана да ја дава својата одбрана. Тој на почетокот ја потврди тезата на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ дека на Бојан Јовановски – Боки 13, оштетениот во „Космос“ Адријан Амзоски, партнер на сопственикот на „Космос“ Фијат Цаноски, му дал не 250.000, туку 750.000 евра за да го извади Катица Јанева од обвинение на СЈО. Побара тоа да го утврди истрагата во „Рекет“.

    Со ова сака Јанакиески да го компромитира целиот случај ТНТ на СЈО.

    Потоа, на прашање од неговиот адвокат, Јанакиески продолжи:

    „Имав одлични релации со Фијат, а особено со Сефер Цаноски, кои имаат прекрасни семејства. Сакам да застане овде Фијат и да раскаже со кого се договарал и кој му кажал: „Гради диво, јас ќе ти го средам тоа. Нека каже, не само за односите со Груевски, туку и за односите со Сашо Мијалков и со Муса Џафери, да каже кој и што му ветувал на диво да гради“, рече Јанакиески.

    „Гарантирам и денес дека ‘Космос’ е дивоградба“, рече Јанакиески, негирајќи дека воопшто едно ливче потпишал некогаш да се урива големиот комплекс „Космос“.

    И денеска за Груевски рече: „Магарето замина, удривте по мене“.

    По паузата, сведочењето продолжува.

    Во „ТНТ“, првообвинет е избеганиот во Унгарија Никола Груевски, кој нареди да му биде уништен со експлозив објектот „Космос“ на Цаноски, затоа што во 2011 година ја прекина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Потоа, Миле Јанакиески како координатор на целата акција на незаконското уривање, ексградоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски како логистика и други обвинети од општината.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира