Лидерот на ДУИ Али Ахмети вели дека чека писмени материјали од СДСМ за да закаже централно претседетелство на партијата и само ако добие писмени материјали за тоа што преговарале и се договорале со СДСМ ќе му ги даде потписите на Зоран Заев за формирање влада.
Ахмети по средбата со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан во Собранието на прашањето какви писмени материјали очекува од СДСМ одговори:
„Не се лутете, ние секако чекаме на писмено некои работи од СДСМ. Без да има материјали, не може да се закаже претседателство, ниту да одлучи ДУИ и оваа седница на претседателството ќе трае многу подолго од неговите досегашни седници“.
Лидерот на ДУИ кажа и дека паралелно со СДСМ, се уште разговара и со ВМРО-ДПМНЕ.
С. К. Делевска