Лидерот на ДУИ Али Ахмети ги повика Албанците во Скопје да гласаат за кандидатот на СДСМ Петре Шилегов на вчерашниот митинг на партијата во Гази Баба. Ахмети кажа и дека СДСМ ќе ги поддржи кандидатите на ДУИ во градовите со албанско мнозинство.
„Ова ќе придонесе за зајакнување на власта и ќе биде во полза за сите граѓани“, рече Ахмети.
Претходно, лидерорт на СДСМ Зоран Заев најави дека со ДУИ ќе настапат како коалиција во повеќе општини и ќе ги поддржат нивните кандидати кои, како што изјави, се добри и работат во интерес на граѓаните.
„СДСМ ќе има свои кандидати за градоначалници во општините Кондово, Липково, Струга и во други општини каде очекувам и Македонци и Албанци да гласаат за нашите кандидати кои се од албанска етничка припадност“, изјави Заев.