АХМЕТИ ЌЕ ДОБИЕ СЀ НА ПИСМЕНО, МУ ОДГОВОРИ ЗАЕВ НА ЛИДЕРОТ НА ДУИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    АХМЕТИ ЌЕ ДОБИЕ СЀ НА ПИСМЕНО, МУ ОДГОВОРИ ЗАЕВ НА ЛИДЕРОТ НА ДУИ

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев за условувањето на претседателот на ДУИ Али Ахмети првин да добие на писмено материјали од СДСМ за тоа што преговараат и се договараат, одговори дека тоа не е проблем и оти ќе добие сè на писмено.

    „Зборот е збор. Било да е усно кажан, или на писмено. Ќе ги дадеме материјалите на ДУИ, ќе сториме сè да се заврши процесот на собирање на потписи за формирање Влада. Но, сакам да потсетам дека кога преговараше со ВМРО-ДПМНЕ, тој на Груевски ништо не му побара на писмено”, изјави Заев по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан во Собранието.

    АХМЕТИ ЧЕКА ПИСМЕНИ МАТЕРИЈАЛИ ОД СДСМ ПРЕД ДА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ПОТПИСИТЕ

    Сепак, Заев рече дека „има црвена линија на трпението и се разбира дека потоа СДСМ ќе носи одлуки”.

    Заев рече и дека материјалите на писмено би биле програмата на идната влада, платформата на ДУИ и платформата на СДСМ и секако, материјали за итните реформски приоритети. Тоа што СДСМ е за отворено општество, а ВМРО-ДПМНЕ го прифати концептот за албанскиот јазик е чекор напред, додаде Заев.

    С. К. Делевска

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира