АКО ГРУЕВСКИ САКАШЕ ДА МУ СЕ СУДИ, НЕМАШЕ ДА ИЗБЕГА, СЕ ПРОТИВИ СЈО НА ИЗДВОЈУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА „ТРАЕКТОРИЈА“

    АКО ГРУЕВСКИ САКАШЕ ДА МУ СЕ СУДИ, НЕМАШЕ ДА ИЗБЕГА, СЕ ПРОТИВИ СЈО НА ИЗДВОЈУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА „ТРАЕКТОРИЈА“Судот одлучи на избеганиот осуден експремиер Никола Груевски да мус е суди во отсуство за „Траекторија“. - Груевски на судење за „Титаник“ (архивска фотографија/СДК.МК)

    Барањето на адвокатите на избеганиот Никола Груевски постапката во „Траекторија“ за него да се издвои за обвинителката од СЈО Лиле Стефанова е нелогична и според неа, ако го дозволи тоа судот, предметот за провизиите и нелегалниот тендер за изградбата на кинеските автопати ќе застаре.

    „Да сакаше да му се суди, обвинетиот Груевски немаше да избега од Македонија. Не смее судот да дозволи предметот за него да застаре“, рече на денешното судење Стефанова, на кое од затворот Шутка беше спроведен обвинетиот Миле Јанакиески.

    Тука се и обвинетите Владимир Пешевски и Љупчо Ѓорѓиевски.

    Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова побара да му се суди во отсуство на избеганиот Никола Груевски за провизиите и незаконскиот тендер за кинеските патишта. Побара и притвор и меѓународна потерница за негово наоѓање.

    Претседателот на советот, судијата Горан Бошевски од Основниот суд Скопје 1 рече дополнително ќе се изјасни за барањето за притвор, советот одлучува, дали да му се суди во отсуство.

    По паузата, советот изгласа да му се суди на Груевски во отсуство и судењето продолжи. Груевски завчера доби азил во Унгарија.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира