АКО НЕ СЕГА, ПРОБЛЕМОТ СО БУГАРИЈА ЌЕ ГО РЕШИМЕ ЛЕТОВО, КАЖА ЗАЕВ ВО НАЈНОВО ИНТЕРВЈУ

    АКО НЕ СЕГА, ПРОБЛЕМОТ СО БУГАРИЈА ЌЕ ГО РЕШИМЕ ЛЕТОВО, КАЖА ЗАЕВ ВО НАЈНОВО ИНТЕРВЈУПремиерот Зоран Заев на Самитот на Берлинскиот процес во Софија на 10 ноември. (Фото: Влада)

    Ако не го решиме проблемот со Бугарија сега, ќе го решаваме летово, рече премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на ТВ Телма. Додаде дека и покрај ветото за почеток на преговорите со ЕУ што ни го постави Бугарија, ние остануваме во преговорите и ако не сега или напролет, налето ќе се договориме.

    „Ние остануваме фокусирани да најдеме решение. Ја чувствувам горчината на народот, но мене ми припаѓа да ги решавам тешките прашања на нашиот пат до ЕУ. Да не заборавиме, за време на бугарското претседателство со ЕУ го вратија фокусот на тоа што го определува членот 2 од нашиот Договор за пријателство и соработка. Цел Самит беше посветен на нашите аспирации. Денеска го гледав видеото на Борисов. Тоа е Бојко Борисов. Тоа е неговата посветеност и во тоа јас гледам надеж дека час поскоро треба да го решиме спорот со Бугарија, без оспорување на нашите идентитетски определби“, рече премиерот Заев, и потоа додаде:

    „Оти се одлучува во Брисел. Јас веќе сум подготвен за следното лето. Ние продолживме, денеска Бучковски, продолжуваме понатаму и ќе разговараме. Виде народот дека имаме црвени линии, дека апсолутно се води грижа за македонскиот јазик, македонскиот народ, македонската наша национална посебност и знаеме кај тераме, ама тоа терање е во Европската унија, притоа со загарантирано тоа што ни е свето, за што не само што не се преговара, туку не се ни разговара. Да се надеваме дека европскиот премиер Бојко Борисов ќе направи исчекор. Убеден сум дека тоа ќе му донесе поени на изборите. Ако не го решиме сега, ќе го решаваме летото“.

    Тој прецизираше некои свои изјави за окупацијата на Бугарија на нашата територија, на дел од Грција и на Србија, како награда дека тогашната власт или администрација, како што кажа Заев, се приклучила кон, како што кажа тој, Третиот рајх или фашистичкиот пакт.

    “И кај нас имало соработници со фашистичкиот окупатор, исто како што и во Бугарија страдале луѓе кои пружале отпор на фашизмот. И самиот Каракачанов го кажува тоа, ги спомна невините жртви од Ваташа. Но, не значи дека целата Бугарија била фашистичка. Затоа велам фашизмот не може да има етнички називи. Илјадници фашисти од Бугарија по 44-та си ја добиле заслужената казна од народот, биле стрелани или осудени на доживотен затвор”, зборуваше Заев зошто е согласен да се тргне „бугарскиот фашистички окупатор” од спомен-обележјата за фашизмот кај нас.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира