АКО СЕ УТВРДИ ДЕКА МУ ПРОГЛЕДАЛ НИЗ ПРСТИ НА КОЧАН, ОБВИНЕНИЕТО ЗА „ТРУСТ“ ЌЕ СЕ ПРОШИРИ И НА ГРУЕВСКИ

    АКО СЕ УТВРДИ ДЕКА МУ ПРОГЛЕДАЛ НИЗ ПРСТИ НА КОЧАН, ОБВИНЕНИЕТО ЗА „ТРУСТ“ ЌЕ СЕ ПРОШИРИ И НА ГРУЕВСКИНа првото рочиште во Основниот суд Скопје 1 за случајот „Труст“ на 7 ноември, беше спомнато и името на експремиерот Никола Груевски, кого го нема меѓу обвинетите. - Груевски пред Апелацискиот суд Скопје (Фото: СДК.МК)

    Ако обвинетите во „Труст“ Сеад Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ во текот на судскот процес што почна денеска во Основниот суд Скопје 1 посочат дека други лица од поранешната власт им овозможиле или ги мотивирале да го реализираат, според СЈО, нелегалниот тендер од 17 милиони евра за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола, ќе се прошири обвинението и на тие лица, одговори на новинарско прашање специјалниот обвинител Гаврил Бубевски по денешното рочиште за случајот „Труст“.

    На прашање дали лицата од прислушуваните разговори, конкретно екпремиерот Никола Груевски и ексдиректорот на ЕЛЕМ Влатко Чинговски, ако бидат посочени дека со нивна помош и за нивна корист обвинетите го сториле делото, Бубевски повтори дека би се проширило обвинението и за нив, ако се утврди дека им прогледале низ прсти да го изиграат законот за јавни набавки.

    „До овој момент такви докази ние немаме обезбедно, но што ќе донесе главниот претрес, ќе видиме“ кажа Бубевски.

    На првото рочиште во Основниот суд Скопје 1 за случајот „Труст“ на 7 ноември, беше спомнато и името на експремиерот Никола Груевски, кого го нема меѓу обвинетите.

    Во еден момент, додека беа во дилема СЈО, адвокатите на обвинетите и судијката Лидија Трајковска-Зимбовска зошто и кој не им ги доставил доказите на тројцата обвинети, специјалниот обвинител Артан Ајро стана и издиктира во записник техничка грешка во пишувањето на доказите.

    „Барам корекција кај доказот од прислушуваните разговори, каде што е наведен разговор меѓу Влатко Чинговски и Кирил Божиновски, место Божиновски треба да стои Никола Груевски“, рече Ајро и тоа го нотираше судијката Трајковска-Зимбовска.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира