АКО ВМРО-ДПМНЕ ГИ ФРУСТРИРА ТОА ШТО ТИЕ НЕ СПРОВЕЛЕ ПОПИС, ЕВЕ ИМ КАЖУВАМ ДЕКА ЌЕ БИДЕ ЗАЕДНИЧКИ УСПЕХ, РЕЧЕ ЗАЕВ

    АКО ВМРО-ДПМНЕ ГИ ФРУСТРИРА ТОА ШТО ТИЕ НЕ СПРОВЕЛЕ ПОПИС, ЕВЕ ИМ КАЖУВАМ ДЕКА ЌЕ БИДЕ ЗАЕДНИЧКИ УСПЕХ, РЕЧЕ ЗАЕВОдложување според Заев за неколку месеци не е можно оти во лето не се одржува попис, а на есен се локалните избори.(Фото:СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев побара граѓаните да бидат одговорни и да овозможат во април да се спроведе пописот на населението. Откако од опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавија собирање на потписи за поништување на Законот за попис кој беше изгласан во Собранието, Заев рече дека тоа е неодговорно бидејќи сме една од ретките земји кои 20 години немаат попис.

    „Пописот ниту скратува, ниту дава нова права, ништо нема да промени или ќе се случат некакви драми. Податоците ни требаат за регионалниот развој, за економските политики, колкави се регионите со невработеност. Ова се податоци кои ни се потребни како леб. Ако е во прашање фрустрацијата дека некој не направил до сега, еве јас објавувам дека тоа ќе биде заеднички успех на сите, и на власта и на опозицијата. Должност наша е да се попишеме сите“, рече премиерот Заев.

    Премиерот каже дека се обиделе најдобронамерно да ги прифатат предлозите на опозицијата пописот да се врши со отпечатоци на прстот, но децата до 18 години и лицата од дијаспората нема да можат да бидат попишани, а електронскиот попис не дава информации и за верска и етничка определба. За предлогот на претседателот Стево Пендаровски попишувањето да се одложи за неколку месеци, Заев смета дека во лето не се одржува попис, а во септември почнува изборната кампања за локалните избори кои ќе се одржат во октомври.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира