АЛБАНИЈА ЌЕ ПОБАРА ОД ЕУ ДА ЈА ОДВОИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ

    АЛБАНИЈА ЌЕ ПОБАРА ОД ЕУ ДА ЈА ОДВОИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИЗборувајќи во Тирана, албанскиот премиер Еди Рама кажа дека не е оптимист дека Бугарија наскоро ќе го повлече ветото за Македонија. (Фото: СДК.МК)

    Албанија ќе побара од Европската унија да не ја чека Македонија заедно да ги почнат пристапните преговори, поради бугарското вето за Македонија, кажа денеска албанскиот премиер Еди Рама.

    Македонија и Албанија треба во пакет да ги почнат преговорите за членство со ЕУ, но Бугарија ја блокира Македонија поради историскиот и јазичниот спор.

    Зборувајќи во Тирана, Рама кажа дека не е оптимист дека Бугарија наскоро ќе го повлече ветото за Македонија.

    „Албанија не може да чека повеќе додека двајцата соседи не го решат спорот“, кажа Рама, додавајќи дека има добри односи со двете земји.

    Рама го кажа ова, презентирајќи ги резултатите од истражување на јавното мислење, кое покажа дека 67 отсто од албанските граѓани сакаат Албанија и Македонија да се одделат на патот кон ЕУ.

    Двете земји ги исполнуваат сите услови за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира