Александар Наумоски е нов директор на затворот Скопје во населбата Шуто Оризари.Тој функцијата ја презеде денеска, а доаѓа на местото на Александар Ѓеорѓиевски.
„Директор на оваа институција е одговорна работа. Во наредниот период ќе се фокусирам да се подобрат условите во затворот согласно европските стандарди. И затворениците се луѓе и заслужуваат многу подбори услови од оние кои сега ги имаат. Ќе работам да овозможам подобри услов за ресоцијализација“, ни рече Наумоски.
Александар Наумоски е дипломиран правник, магистер по човекови права. Од 2006 до 2011 работи во Министестерството за правда и е соработник на владиниот агент за застапување на земјава пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
Наумоски е долгогодишен член на СДСМ. Од 2005 до 2009 е советникот во Советот на Општина Ѓорче Петров, а од 2009 до 2013 советник во Советот на Град Скопје. На локалните избори во 2013 е кандидат за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од редовите на СДСМ, на кои беше поразен од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Сокол Митревски.
Тој е син на поранешниот претседател на Уставен суд Бранко Наумоски.
Наумоски важи за еден од најсериозните кандидати за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од редовите на СДСМ, на претстојните локални избори.
А. АНТЕВСКА