АЛТЕРНАТИВА ГИ ПОТВРДИ ХУСНИ ИСМАИЛИ ЗА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО И БЕКИМ САЛИ ЗА МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО

    АЛТЕРНАТИВА ГИ ПОТВРДИ ХУСНИ ИСМАИЛИ ЗА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО И БЕКИМ САЛИ ЗА МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВОПратеникот Исмаили беше поранешен министер за култура. (Фото: Влада на РСМ)

    Хусни Исмаили за потпретседател на Собранието, а Беким Сали за министер за здравство, се дел од листата носители на јавни функции што усвои Централното претседателство на Алтернатива, новиот коалиционен партнер во владата. Пратеникот Исмаили беше поранешен министер за култура, а стоматологот Беким Сали е партиски генерален секретар и беше кандидат за градоначалник на Чаир на локалните избори на 15 октомври.

    Како што соопшти Алтернатива, партијата ги потврди и следниве функционери: Адмирим Алити за министер за информатичко општество и администрација, Џемаил Чупи за министер без ресор одговорен за дијаспората, Лулзим Алиу за заменик министер за Образование и наука, Абдулшиќир Абедини за заменик министер за земјоделство, Даим Лучи за заменик министер за култура, партискиот портпарол Орхан Муртезани за директор на МЕПСО, Амир Елези за директор на Клиничката болница во Тетово, Дритан Беџети за директор на ПИОМ, Мубекир Палоши за директор во АД „Железници на Македонија – Транспорт“, Блерим Абази за директор на Управа за водење на матични книги, Беким Емини за директор на Агенција за странски инвестиции.

    Деновиве ќе бидат објавени и другите имиња за вкупно 47 функции кои биле избрани на партиската седница. Алтернатива овие функционерски места ги доби како дел од договорот меѓу лидерот Африм Гаши и премиерот Зоран Заев при договарање на новото парламентарно мнозинство за коалицијата СДСМ, ДУИ и Алтернатива.

    Мандатар за новата влада ќе биде новиот лидер на СДСМ Димитар Ковачевски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира