АМЕРИКА ОЧЕКУВА МАКЕДОНИЈА ДА ГИ ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ВО ЈУНИ И ДА БИДЕ ЕНЕРГЕТСКИ НЕЗАВИСНА ОД РУСИЈА

    АМЕРИКА ОЧЕКУВА МАКЕДОНИЈА ДА ГИ ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ВО ЈУНИ И ДА БИДЕ ЕНЕРГЕТСКИ НЕЗАВИСНА ОД РУСИЈАПортпаролот на Стејт Департментот Нед Прајс вели дека неодамнешните неосновани шпекулации за промена на границите на Балканот во етнички рамки, ризикуваат поттикнување нестабилност во регионот. (Фото: Твитер)

    САД го поздравува напредокот на Албанија и Северна Македонија и ја поддржува Европската унија да ги почне преговорите со двете земји во јуни, вели портпаролот на Стејт Департментот Нед Прајс.

    „Го поздравуваме напредокот направен од Албанија и Северна Македонија на клучните реформи и продолжуваме да го поддржуваме отворањето на пристапните преговори на ЕУ со двете земји во јуни“, вели Прајс.

    Понатаму, тој вели дека САД се посветени да им помагаат на државите од Западниот Балкан за да го продлабочат нивното регионално економско партнерство, да ги исполнат нивните климатски цели, да се справат со рускиот енергетски притисок преку разновидност и развој на чиста енергија, и да се борат против корупцијата и организираниот криминал. Исто така, портпаролот на Стејт Департментот вели дека САД сакаат да му помогнат на регионот да се развива и напредува, заштитувајќи ги стратешката инфраструктура и индустрии од кинеските штетни практики.

    „Дополнително на нашите цврсти економски врски со регионот, САД го ценат партнерството во делот на одбраната и безбедноста, вклучително и со нашите нови НАТО сојузници, Црна Гора и Северна Македонија. Имаме намера уште повеќе да ја зголемиме таа соработка, преку заеднички вежби, операции и набавки“, вели тој.

    Прајс вели и дека неодамнешните неосновани шпекулации за промена на границите на Балканот во етнички рамки, ризикуваат поттикнување нестабилност во регионот и враќање на сеќавања за минати тензии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира