АМЕРИКАНСКИОТ СЕНАТ ИЗГЛАСА БРЗО ДА СЕ РАТИФИКУВА ПРОТОКОЛОТ ЗА ЧЛЕНСТВО НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО, РАТИФИКАЦИЈАТА СЕ ОЧЕКУВА ДЕНЕСКА

    АМЕРИКАНСКИОТ СЕНАТ ИЗГЛАСА БРЗО ДА СЕ РАТИФИКУВА ПРОТОКОЛОТ ЗА ЧЛЕНСТВО НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО, РАТИФИКАЦИЈАТА СЕ ОЧЕКУВА ДЕНЕСКАСАД се очекува попладнево по македонско време да станат 25. земја што го ратификувала Протоколот и за да стапи во сила потребно е уште четири земји членки да го ратификуваат. - Американскиот сенат (архивска фотографија)

    Со 84 гласови „за“ и 2 „против“, американскиот Сенат вчера изгласа ратификицијата на Пристапниот протокол за членство на Република Северна Македонија во НАТО да оди по скратена постапка.

    САД се очекува попладнево по македонско време да станат 25. земја што го ратификувала Протоколот и за да стапи во сила потребно е уште четири земји членки да го ратификуваат, по што би следувал приемот на Северна Македонија во НАТО. Се очекува тоа да се случи на Самитот на НАТО на почетокот на декември.

    Пречка за тоа може да се изборите во Шпанија, закажани за 10 ноември, поради што е распуштен парламентот и неизвесно е кога ќе се конституира новиот состав.

    Пристапниот протокол беше потпишан од амбасадорите на земјите членки во НАТО на 6 февруари.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари