АМНЕСТИЈА НЕМА ДА ИМА, ОДИМЕ НА ИЗБОРИ АКО НЕМА ДВОТРЕТИНСКО МНОЗИНСТВО ВО СОБРАНИЕТО, ОДЛУЧИ СДСМ

    АМНЕСТИЈА НЕМА ДА ИМА, ОДИМЕ НА ИЗБОРИ АКО НЕМА ДВОТРЕТИНСКО МНОЗИНСТВО ВО СОБРАНИЕТО, ОДЛУЧИ СДСМШто се разговарало на вечерашната седница на извршниот комитет на СДСМ премиерот Зоран Заев не кажа. (Фото:СДК.МК)

    СДСМ ќе се обиде да обезбеди 80 пратеници во Собранието за гласање на Договорот од Преспа. Ако нема мнозинство веднаш ќе се оди на предвремени избори, соопшти партијата, по состанокот на извршниот комитет.

    „Процесот е сериозен, ќе се обидеме да обезбедиме мнозинство од 2/3 од пратениците  во Собранието ,ќе направиме се што можеме“, кусо изјави  премиерот Зоран Заев, по седницата на извршниот комитет.

    Што се разговарало на највисокото партиско тело, Заев не кажа. „Извршниот одбор заклучи дека пратениците во Собранието треба да ја следат јасно изразената волја на мнозинството од над 600 илјади граѓани, да преземат одговорност и да се забрзаат процесите за конечно членство во НАТО и ЕУ. Доколку тоа не е можно, тогаш веднаш ќе се оди на предвремени парламентарни избори“, се вели во соопштението по вечерашниот состанок на извршниот комитет.

    Во соопштението понатака се вели дека никој не треба да се надева на амнестија.

    „Никој не треба да се надева на амнестија. Станува збор за многу важно прашање, за иднината на земјата, за иднината на граѓаните и фокусот на сите парламентарни партии треба да биде на ова прашање. Се друго е поигрување со иднината и обид за враќање на земјата во изолација“, стои во соопштението.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира