АМНЕСТИЈАТА НЕМА ДА ВАЖИ ЗА ОСУДЕНИТЕ НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР, ЗА СИЛУВАЊА И ЗЛОСТОРСТВА ПРОТИВ ЧОВЕШТВОТО

    АМНЕСТИЈАТА НЕМА ДА ВАЖИ ЗА ОСУДЕНИТЕ НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР, ЗА СИЛУВАЊА И ЗЛОСТОРСТВА ПРОТИВ ЧОВЕШТВОТОАмнестијата на дел од затворениците ја најави премиерот Зоран Заев при посетата на затворот Идризово на 11 септември. Во моментов таму има над илјада затвореници над дозволениот капацитет од 800 лица - (Фото: Ѓ. Личовски)

    Законот за амнестија што го предлага Владата ќе биде временски ограничен и нема да важи за одредени тешки кривични дела, соопшти Владата на Република Македонија.

    Владата го усвои предлог-законот за амнестија и им препорача на Министерството за правда и на службите во владата да ги обезбедат условите за јавен увид во текстот и отварање јавна расправа.

    Министерот за правда, Билен Саљији објасни дека со предложениот текст на закон не се предвидува амнестија за лица правосилно осудени на казна доживотен затвор, како и за сторители на кривично дело убиство, на сторители на кривични дела против избори и гласање, за кривични дела против половата слобода и половиот морал и за кривични дела против државата, како и за злосторничко здружување и кривичните дела против човечноста и меѓународното право.

    Амнестијата на дел од затворениците ја најави премиерот Зоран Заев при посетата на затворот Идризово на 11 септември. Во моментов таму има над илјада затвореници над дозволениот капацитет од 800 лица.

    Како една од опциите, за растоварување на пренатрупаноста на затворите, премиерот рече дека е веќе почната дебата за амнестија на дел од осудениците преку модел на укинување на 30% од вкупната казна, но и преку други модели за кривичните дела каде што тоа е дозволено. И тој најави дека амнестијата нема да важи за осудениците за тешки облици на криминал, педофилија и за злосторства против човештвото.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира