АНА КАМЧЕВА МИ БАРАШЕ ПОМОШ КАКО ДА ГО ТРГНЕ ОРЦЕ ОД НАТАША САВОВА, СВЕДОЧИ БОКИ 13 НА „РЕКЕТ“

    АНА КАМЧЕВА МИ БАРАШЕ ПОМОШ КАКО ДА ГО ТРГНЕ ОРЦЕ ОД НАТАША САВОВА, СВЕДОЧИ БОКИ 13 НА „РЕКЕТ“Ана Камчева сведочеше на „Рекет“ на 10 декември 2019 (Фото: СДК.МК)

    На 5 јануари 2019 година Бојан Јовановски-Боки 13 првпат се сретнал со Ана Камчева откако нејзиниот сопруг Орце бил пуштен од притвор, според сведочењето на првообвинетиот во „Рекет“.

    „Ана беше среќна ради тоа, но и тажна, бараше помош како да го тргне Орце од Наташа Савова. Милески ми се жалеше дека таа го презела комплетниот кабинет на Орце додека бил во притвор. Но, полека ја наоѓаат овцата, за себе зборам, за да го урнат СЈО и да ја дискредитираат Катица Јанева. Во позадината, беше да се спаси тој од кривичен прогон во ‘Империја’. И, си работат на сите полиња. Доказ, јас сум опериран во ‘Систина’ уште во 2016 година и затоа ослабев. Отидоа до тоа да ме убедуваат и Јанева да се опера таму, за која знаеја дека има здравствени проблеми од дебелината. Но, како што слушна овде целата јавност, таа ги одби”, сведочи денеска Јовановски во обид, како што тече, да го турне измисленото обвинение на Русковска против него и Катица.

    Продолжиле подароците од Камчеви кон Боки.

    „На ручеците со Милески, разговаравме за сè, ама постојано ме прашуваше: Што мислиш, што ќе биде со СЈО и други работи за кои разговаравме на темата како и сите други граѓани. Но, не сум знаел дека ме мести, ме снима“, вели Боки 13.

    На ред се прашањата за 20 февруари 2019 година, кога е снимката со торбата „Луј Витон“ што ја носи Милески.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира