СО СУДИИТЕ И ОБВИНИТЕЛИТЕ БЕВ ГОСТОПРИМЛИВ ВО ТЕЛЕВИЗИЈАТА, КАКО ШТО Е РЕД ВО ДОМАЌИНСКА КУЌА, ЈА ПОЧНА ОДБРАНАТА БОКИ 13 НА „РЕКЕТ“

    СО СУДИИТЕ И ОБВИНИТЕЛИТЕ БЕВ ГОСТОПРИМЛИВ ВО ТЕЛЕВИЗИЈАТА, КАКО ШТО Е РЕД ВО ДОМАЌИНСКА КУЌА, ЈА ПОЧНА ОДБРАНАТА БОКИ 13 НА „РЕКЕТ“Боки 13 тврди дека приходите на телевизијата биле главно од реклами, со склучени договори со „Ноел", „Пелистерка", „Систина" и други компании, а не од рекетирање. - Од денешното судење за „Рекет“ во Кривичниот суд (Фото: СДК.МК)

    Првообвинетиот во „Рекет” Бојан Јовановски денеска првпат дава одбрана, не само во Кривичниот суд пред судијката Васка Николовска- Масевска, туку и пред обвинителката Вилма Русковска која го покрена обвинението против него и Катица Јанева.

    „Во ‘1ТВ’ ми гостуваа грст луѓе од правосудството, како господинот Иван Џолев, Катица Јанева, Вилма Русковска. На сите им се јавував јас, иако новинарите и уредниците ги даваа темите. Со Русковска сме разговарале и во четири очи во мојата канцеларија. Знаете, сме пиеле кафе, по некоја чашка алкохол, како што е редот во една домаќинска куќа. Јас иначе не пијам алкохол. Зборам за атмосферата”, одговара на директни прашања од неговиот адвокат Сашо Дуковски, на околности дека не се мешал во уредувачката политика, како што сведочеше новинар од „1ТВ“, туку само дека помагал во контактите и бил гостопримлив со важните гости од правосудството.

    Јовановски воопшто нема дадено исказ во истрагата, бидејќи дента кога дојде во Обвинителството за организиран криминал, му се слоши и беше однесен во болница на преглед.

    Јовановски потврди дека немал приходи, немал сопственички удел во телевизијата, зашто бил претседател на невладината Меѓународен сојуз.

    Боки 13 тврди дека приходите на телевизијата биле главно од реклами, со склучени договори со „Ноел”, „Пелистерка”, „Систина” и други компании, а не од рекетирање.

    Се чека Боки 13 да зборува за релацијата со второобвинетата Катица Јанева како специјална обвинителка, со Орце Камчев, осомничен во големиот случај „Империја” кај што државата е оштетена засега со 15 милиони евра, за торбата „Луј Витон” со која излегуваше откај Камчев…итн.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира