АНОНИМКА ЗА БОМБА ВО СОБРАНИЕ

    АНОНИМКА ЗА БОМБА ВО СОБРАНИЕ

    Вечерва нешто по 23 часот, анонимен јавувач телефонски пријавил подметната бомба во Собранието, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Анонимката ја потврди и МВР.

    „Во 23,02 ч. на телефонската линија 192 од страна на Н.Н. машки глас пријавено е дека наводно во Собрание на Република Македонија има бомба.Од наша страна известени се единиците за антитероризам за превземање на понатамошни мерки“, изјавија во МВР за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Лажна закана беше регистрирана во петокот кога пијано лице се јавило на бројот 192 и најавило дека ќе ја гранатира Владата.

    За повеќе информации следете не на СДК.МК и на Фејсбук

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира