АНТИКОРУПЦИСКА ЌЕ ГИ РАЗГЛЕДУВА ВРАБОТУВАЊАТА НА СИНОТ И БРАТОТ НА ПРАТЕНИЧКАТА МИРА СТОЈЧЕВСКА

    АНТИКОРУПЦИСКА ЌЕ ГИ РАЗГЛЕДУВА ВРАБОТУВАЊАТА НА СИНОТ И БРАТОТ НА ПРАТЕНИЧКАТА МИРА СТОЈЧЕВСКАПретседателката на Антикорупциска комисија Билјана Ивановска рече дека ќе ја побараат целата документација за постапката за вработување на синот и братот на пратеничката Мира Стојчевска. (Фото: СДК.МК)

    Антикорупциската комисија ќе го испитува вработувањето на синот и братот на пратеничката на СДСМ Мира Стојчевска. Синот на Стојчевска е вработен во државната компанија ЕЛЕМ, а братот како кранист во РЕК Битола.

    На денешната прва седница претседателката Билјана Ивановска кажа дека до сега не е стигната претставка во однос на овој случај, но според овластувањата кои ги има Комисијата тие можат да покренат постапка.

    „Ќе ја побараме целата документација во однос на вработувањата на овие лица. Ќе постапиме и за сите други случаи за вработувања кои изминатиов период предизвикаа сомнеж во јавноста. Многу работи се насобрани, прво ќе работиме на оние кои се најактуелни“, рече претседателката Ивановска.

    Во Антикорупциската комисија која беше без членови една години по скандалот кој го објави САКАМДАКАЖАМ.МК со трошењето пари за патни трошоци, стојат 60 предмети за корупција и 80 за конфликт на интереси.

    Новите антикорупционери најавија дека ќе го следат и финансирањето на изборните кампањи на политичките партии за време на претседателските избори, за што побараа помош и од медиумите и невладините организации.

    „Ќе водиме и контрола на трошење државни ресурси во изборни цели, односно користењето на службените возила на министерствата и институциите на политичките митинзи. Било каква злоупотреба која ќе биде нотирана и апелираме да се достават информации до нас за да преземеме мерки“, рече членот на Антикорупциската комисија Горан Трпеноски.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари