Антикорупциската комисија на денешната седница отвори постапка против пратеник во Собранието, кој го променил управителството во неговата фирма, меѓутоа за управител поставил негово блиско лице, објави државната агенција МИА. Министер во Владата исто така го променил управителството во неговата фирма и за управител поставил негово блиско лице и уште еден пратеник го направил истото.
Антикорупциската комисија отвори и три предмети за кумулација на функции против службени лица, кои произлегуваат од изјавите за судир на интереси за 2020 година.
Предметите се отвораат за еден член на Совет на општина, кој истовремено е член и на Управен одбор на детска градинка, еден пратеник во Собранието кој истовремено е член и на Надзорен одбор во Центарот за управување со кризи и за в.д. директор на средно општинско училиште, кој истовремено управува како сопственик со трговско друштво.