АПЕЛАЦИЈА ГИ ПРЕИНАЧИ УСЛОВНИТЕ ВО ЗАТВОРСКИ КАЗНИ ЗА ДЕВЕТТЕМИНА ОСУДЕНИ ЗА УЧЕСТВО ВО ТОЛПА НА 27 АПРИЛ

    АПЕЛАЦИЈА ГИ ПРЕИНАЧИ УСЛОВНИТЕ ВО ЗАТВОРСКИ КАЗНИ ЗА ДЕВЕТТЕМИНА ОСУДЕНИ ЗА УЧЕСТВО ВО ТОЛПА НА 27 АПРИЛОсудените за учество во толпа за време на нападот во Собранието на 27 април лани на судење во Основниот суд Скопје 1. (Фото: СДК.МК)

    Апелацискиот суд ги преиначи условните во ефективни затворски казни за деветтемина осудени од Основниот суд Скопје 1 за кривичното дело учество во толпа за време на нападот во Собранието на 27 април. Седуммина добија казна затвор од една година, еден осум месеци, а Димче Ристовски – Жабата доби година и пол.

    „Условните казни на седум од деветтемина првично осудени се преиначени од Апелациониот суд Скопје во затворски казни во траење од една година, освен за Димче Ристовски, викан Жабата, кој доби 18 месеци затвор. Еден од условно осудените од оваа прва група обвинети за 27 април, осуден е на осум месеци затвор“, изјавија од Скопска апелација.

    На 23 мај минатата година, деветтемина обвинети за кривичното дело учество во толпа која ќе спречи службено лице во извршување службена должност за време на организираниот напад во Собранието на 27 април добија условни казни откако претходно признаа вина на судењето во Основниот суд Скопје 1.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира