АПЕЛАЦИЈА ГИ УКИНА ЗАТВОРСКИТЕ ПРЕСУДИ ЗА ЕЈУП АЛИМИ И ИСМЕТ ГУРИ ОД ДУИ ЗА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ, ЌЕ ИМ СЕ СУДИ ПАК

    АПЕЛАЦИЈА ГИ УКИНА ЗАТВОРСКИТЕ ПРЕСУДИ ЗА ЕЈУП АЛИМИ И ИСМЕТ ГУРИ ОД ДУИ ЗА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ, ЌЕ ИМ СЕ СУДИ ПАКОд изрекувањето на пресудата за „Титаник 3“ на 31 март лани. (архивска фотографија)

    Апелациониот суд Скопје донесе одлука да ги укине првостепените затворски пресуди за Ејуп Алими и Исмет Гури во случајот „Титаник 3“ за изборни нерегуларности. Казните од по 3,5 години затвор изречени од Основниот кривичен суд Скопје веќе не важат и на двајцата ќе им се суди одново.

    „Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-743/20, во јавноста познат како ‘Титаник 3’ , по одржана нејавна седница на ден 12.07.2021 година, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите И.Г. од С. и Е.А. од С., изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување“, соопшти денеска Апелациониот суд Скопје.

    На 31 март минатата година, поранешниот координатор на пратеничката група на ДУИ Ејуп Алими беше неправосилно осуден на три ипол години затвор за уништување на изборен материјал на локалните избори во 2013 година во Чаир за да победи ДУИ. Истоветна казна тогаш доби и Исмет Гури, тогашен секретар на Општинската изборна комисија Чаир, сега вработен во УЈП, за истото кривично дело.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира