АПЕЛАЦИЈА ГО ПОТВРДИ ПРИТВОРОТ НА ЧАВКОВ И МУ ЈА ОДБИ ГАРАНЦИЈАТА

    АПЕЛАЦИЈА ГО ПОТВРДИ ПРИТВОРОТ НА ЧАВКОВ И МУ ЈА ОДБИ ГАРАНЦИЈАТАПоранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков на јавна седница на Апелациониот суд на 12 јануари (Фото: СДК.МК)

    Апелациониот суд Скопје го потврди решението на Основниот суд Скопје 1 со кое поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков останува во притвор во истражниот затвор во Шутка. Апелација, покрај тоа што ја одби неговата жалба, го отфрли и барањето за обезбедување гаранција за пуштање да се брани од слобода, бидејќи, како што за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдија од судот, тоа било некомплетно.

    Чавков понудил гаранција да биде пуштен од притвор, но во барањето му недостасувале имотни листови и други важни документи за да може да одлучи судот. За следната недела, Апелација најавува јавни седници во однос на тоа како ќе пристигнуваат жалби за ефективниот куќниот притвор, изречени како мерки за обезбедување на присуство на обвинетите за организираниот напад во Собранието на 27 април минатата година.

    Чавков и уште четворица други обвинети беа вратени во притвор на 28 март со одлука на Основниот суд Скопје 1, еден ден откако Врховниот суд ги пушти од Шутка во куќен притвор.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира