АПЕЛАЦИЈА Ѝ ЈА НАМАЛИ ЗАТВОРСКАТА КАЗНА НА ЈАНКУЛОСКА ОД 6 НА 4 ГОДИНИ ЗА „ТЕНК“, НЕМА ВЕДНАШ ДА ОДИ В ЗАТВОР ОТИ ИМА БЕБЕ

    АПЕЛАЦИЈА Ѝ ЈА НАМАЛИ ЗАТВОРСКАТА КАЗНА НА ЈАНКУЛОСКА ОД 6 НА 4 ГОДИНИ ЗА „ТЕНК“, НЕМА ВЕДНАШ ДА ОДИ В ЗАТВОР ОТИ ИМА БЕБЕОсудената Јанкулоска ја штити Законот за извршување на санкции и таа, бидејќи има бебе под една година, не може да оди веднаш на отслужување на затворската казна. - Јанкулоска пред Основниот суд Скопје 1 (Фото: СДК.МК)

    Апелациониот суд Скопје денеска пресуди да ѝ се намали затворската казна на ексминистерката Гордана Јанкулоска од 6 на 4 години за незаконската набавка на мерцедесот од страна на МВР. Во останатиот дел, Апелација ја потврди првостепената пресуда.

    Осудената Јанкулоска ја штити Законот за извршување на санкции и таа, бидејќи има бебе под една година, не може да оди веднаш на отслужување на затворската казна.

    Таа беше осудена на 6 години затвор од Основниот суд Скопје 1 на 8 октомври минатата година. Во предметот на СЈО „Тенк“ за неа се водеше издвоена постапката.

    Избеганиот во Унгарија Никола Груевски за незаконито влијание да му се купи токму „мерцедес С 600 гард“, а не блиндирано возило од друга поевтина марка, веќе има правосилна пресуда од две години затвор.

    Тогашниот помошник-министер Ѓоко Поповски, кој ја спровел незаконската набавка со фаворизирање на „Макаутостар“ како единствен понудувач, првично доби затворска казна од 6,5 години. Апелациониот суд Скопје на 5 октомври минатата година му ја намали на 4 години и 6 месеци.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари