АРХИТЕКТОНСКОТО БИЕНАЛЕ ПОСВЕТЕНО НА ОЖИВУВАЊЕ НА ПОЛУМРТВИТЕ ОБЈЕКТИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    АРХИТЕКТОНСКОТО БИЕНАЛЕ ПОСВЕТЕНО НА ОЖИВУВАЊЕ НА ПОЛУМРТВИТЕ ОБЈЕКТИ

    Oсумнаесеттото Биенале на македонската архитектура БИМАС 2016 во организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) почнува вечерва. На тема „Рециклирана архитектура“ предвидени се бројни предавања, изложби на фотографии и дискусии.
    Свеченото отворање е закажано во 20 часот во Музеј на Град Скопје.
    Биеналето, традиционално, ќе почне со изложба на избрани трудови од изминативе две години кои ја отсликуваат македонската архитектонска продукција. Селекторот Александар Радевски најави дека се селектирани 86 трудови распределени во пет категории.
    Биенале - Биста

    Во рамките на Биеналето, утре во „Мала станица“ се отвара и Биеналето на студенти по архитектура (БИСТА) – плакат од БИСТА 2016

    Претседателката на ААМ Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ вели дека ова биенале е посветено на зградите кои стојат полумртви, на заборавените празни простори кои се како болест за која има лек, но нема кој да ги лекува.
    „Темата на БИМАС 2016 “РЕЦИКЛИРАНА АРХИТЕКТУРА“ има за цел да не потсети на тие места и објекти, да укаже на нивната употребливост, да покаже дека животот на објектот е подолг од животот на човекот, а го поседува и вечниот сон, продолжување на животот, вели Раѓеновиќ-Јовановиќ.
    „Како архитекти имаме обврска да укажеме на недостиг на интерес за напуштените објекти, занемарување и неодржување на објекти значајни за архитектонското творештво, негрижа за културното наследство и згора на се, рефасадирање на значајни архитектонски дела. Тешко е да се влијае на тоа, но имаме одговорност да најдеме начин, а и да допреме до колективната свест. Како архитекти имаме обврска да знаеме што со заборавените, напуштените простори и објекти, ние сме единствените кои го имаат одговорот“, вели претседателката на ААМ Сања Раѓеновиќ – Јовановиќ.
    Sanja Rdjenovik

    Ова биенале е посветено на зградите кои стојат полумртви, на заборавените празни простори кои се како болест за која има лек, но нема кој да ги лекува, Сања Раѓеновиќ – Јовановиќ

    Архитектот Бојан Каранаков, претседател на организацискиот одбор на БИМАС 2016 објасни дека поимот рециклирање го употребиле во годинашната тема за да укажат на потребата од операции за урбано рециклирање, реновирање и адаптација во градските подрачја со цел да ја спречат растечката продукција на „отпад“.
    „Биеналето на Македонската Архитектура БИМАС 2016 има за цел да ги отвори прашањата за стратегиите за справување со оваа состојба. Дали „рециклирањето“ на оваа архитектура преку нејзина креативна пренамена и прилагодување е соодветен одговор на поставените прашања? Дали за старите анахрони комплекси треба да се понудат сценарија преку кои може да им се помогне да бидат реактивирани и реинтегрирани во градското ткиво, а со тоа да го регенерираат или можеби рушењето и почнувањето одново е поисплатливо и помалку обврзувачко?“, вели Каранаков.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари