АВИОКОМПАНИИТЕ ЌЕ ГО ОСИГУРУВААТ БАГАЖОТ НА ПАТНИЦИТЕ, ПРЕДВИДУВААТ ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ВО СООБРАЌАЈОТ

    АВИОКОМПАНИИТЕ ЌЕ ГО ОСИГУРУВААТ БАГАЖОТ НА ПАТНИЦИТЕ, ПРЕДВИДУВААТ ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ВО СООБРАЌАЈОТОвие законски измени како што велат од Министерството за финансии се за да се усогласи македонското законодавство со европската регулатива. - Полетување на авион (архивска фотографија)

    Авионските компании ќе го осигуруваат багажот на патниците и стварите кои ги пренесуваат, а сопствениците на беспилотни летала над 5 килограми ќе треба да ги осигураат своите дронови за да се заштитат граѓаните ако при управување со дронот се предизвика материјална штета. Ова е предвидено со измените и дополнувањата на Законот за задолжително осигурување во сообраќајот, кои ги изготви Министерството за финансии и кои од денес се објавени на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија – ЕНЕР.

    „Авионските компании ќе бидат задолжени со закон да го осигураат багажот на патниците и стварите кои ги пренесуваат. Со законските измени се утврдуваат права за надомест на штета на сопствениците на багажот и на пратките. Со законските измени се предвидува и обврска за задолжително осигурување на дел од воздухопловите без екипаж – дронови, односно се опфаќаат дронови над 5 килограми. На овој начин се заштитуваат граѓаните, доколку се предизвика материјална штета од управување со дронот“, велат од Министерството за финансии.

    Законските измени, според Министерството за финансии, се потребни поради усогласување со европските регулативи од областа на цивилното воздухопловство.

    „Сите засегнати страни на ЕНЕР ќе може да оставаат предлози и коментари, кои внимателно ќе ги разгледаме пред да се пуштат законските измени во владина процедура“, велат од Министерството за финансии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира